Како да препознаете ПСИХОПАТ?

Не е лесно да се обележи некој за психопат, но науката откри одредени однесувања што можат тоа да го покажат.По дефиниција, психопатот не ги сфаќа чувствата на другите луѓе, и недостатокот на емпатија може да се забележи и по помалку очигледни симптоми, како на пример пијалоците што ги нарачуваат. Интересно е и дека статистички, мажите почесто се дијагностицирани со оваа состојба. Еве како да ги забележите психопатите:
-Имуни се на заразата при прозевањето: Во едно истражување, 135 лица имале задача да одговорат на прашалник што имал за цел да открие дали лицето што го пополнува има особини на психопат. Потоа, сите имале задача да гледаат три снимки, првата со неутрално лице, втората со лице што се смее и третата со лице што се прозева. Внимателно се разгледувани лицата на учесниците, и резултатите биле доста интересни: Учесниците што покажале особини на психопатско однесување, помалку се „заразувале“ гледајќи го лицето што се прозева.
Ова потекнува од објаснувањето дека психопатите се помалку искрени, себични се, премногу сигурни во себе и не се грижат за туѓите чувства. Неможноста да се повзат со луѓето прави и тие да не се прозеваат гледајќи го лицето што се прозева. Затоа, обидете се да се прозевате пред личноста за која сте загрижена дека можеби е психопат, и ќе дознаете дали тоа е вистина.

-Психопатите почесто прават селфи: Освен неможноста да возвратат прозевање, едно истражување открило дека правењето на многу селфија е вознемирувачка карактеристика на личноста. Во истражувањето биле испитани 800 мажи меѓу 18 и 40 години од целата држава, и им било дадено задача да одговорат на прашања за карактерот, како и колку пати се сликаат. Истражувањето покажало дека мажите што биле посклони на нарцисоидно однесување почесто се сликале, и ги едитирале сликите. Исто така, треба и да се нагласи дека ова се само симптоми на психопатско однесување, и не значи дека испитаниците биле целосни психопати со дијагноза.
Сепак, како и претходното истражување, и овде се покажува дека главниот аспект на психопатијата е високото мислење за себе, и негрижата за другите.

-Пијат црно кафе: Личноста што го покажува овој симптом често може да се смеша со оној кој држи диета, па затоа не избрзувајте со донесувањето заклучоци. Истражувањето за овој симптом се извршило во Австрија, и опфатило 1000 луѓе.Оние кои преферирале горчливи пијалоци и храна, најчесто покажувале психопатски особини. Некои од другите јадења и пијалоци што психопатите ги преферирале се целерот, ротквата и тоникот.
Затоа, нареден пат кога ќе одите на кафе со пријателите, пазете се од нив ако забележите дека пијат горко кафе.По дефиниција, психопатот не ги сфаќа чувствата на другите луѓе, и недостатокот на емпатија може да се забележи и по помалку очигледни симптоми, ка

Пронајдете не на следниве мрежи: