Како да престанете да ја апсорбирате негативната енергија?

Емпатијата е способност да препознаеме и да ги чувствуваме емоциите на другите луѓе. Често пати, да си „емпат“ значи да апсорбираш голем дел од болката и страдањето во сопствената средина, што всушност ве спречува да функционирате на највисоко ниво.Ако сте биле во една просторија со негативен човек, знаете колку токсична може да биде нивната енергија. Една од најважните вештини на духовно ниво е да научиме како да не ја апсорбираме туѓата негативна енергија.
Еве пет начини како да престанеме да ја примаме енергијата на другите луѓе.
1. Не заборавајте дека не можете да им удоволите на сите
Ако некој ве малтретира и се жали од вас, не го претворајте тоа во своја мисија да се натерате предметната личност да почне да ве сака. Тоа само ќе ве вовлече подлабоко во ова енергетско поле и ќе ви донесе енергетска зависност од мислењето на овој човек за вас.
Не може сите да ве сакаат. Секој има различна цел во животот на Земјата. Треба да се сакате прво себе, бидејќи тоа создава силно поле околу вас, што го попречува туѓото мислење да ве исцрпуваат енергетски.
Исто, запомнете дека не можете да ги промените сите. Не го претворајте тоа во своја мисија да ги правдате. Понекогаш, најдоброто што можете да го направите е да престанете „да ја јадете“ енергијата која тие ја упатуваат кон вас.
2. Внимавајте кого поканувате во животот
Телото, умот и средината која ве опкружува се вашиот храм. Кого поканувате внатре? Дали тоа претставува отворена покана? Дали луѓето треба да ги бришат нозете на влезот пред да влезат или е во ред нештата да донесат кал во душата? Во Бразил има жаргонски збор „folgado“ – директното негово значење е мрзелив, но всушност значи нешто како „храненик“, кој ви виси на вратот. Важноста нема точен еквивалент на македонски – претставува менталитет, кој е нешто повеќе од начин на живот. Ако дадете некому парче леб еден ден, другиот ден ќе ви побара тортиљи. Ако поканите некого да остане за време на викендот, тој ќе побара да остане цела недела (или две).
Сето ова значи дека дури и да изгледате груб во нечии очи, важно е да се почитувате себеси и вашиот простор. Великодушноста е убаво нешто, но мора да има „тенка црвена линија“ зад која не треба да поминувате, за да не паднете во стапицата кој би ве спречила да покажете великодушност за некој, кој навистина има потреба од неа. Едноставно треба научите да кажете НЕ, без да имате каење од тоа.
3. Престанете да обрнувате внимание
Секој паразит има потреба од домаќин, за да може да преживее. Кога го свртувате вниманието кон некој друг, вие всушност му давате енергија. Она на што се фокусирате станува поголемо. Енергетските вампири ги крадат мислите и ги намалуваат енергетските нивоа. Некои луѓе едноставно ќе праќаат лоша енергија врз вас и ќе продолжат да го прават тоа.
Може да се најдете во ситуација во која врз вас се излева нечија фрустрација од работата и животот, неуспешна врска или дури успех и совршеност. Покрај тоа, тие ве принудуваат да го мерите сопствениот живот по целосно непродуктивен начин.
Важно е да се сака себеси доволно за да можете да ги исклучите. Кажете им да престанат или дека не можете токму сега да се занимавате со тоа.
Воопшто не е грубо од ваша страна да ја одбиете токсичната енергија.
4. Вдишување на природата
Уживајте во природата, медитирајте, релаксирајте се и дишете. Дишењето ја подобрува циркулацијата на крвта во телото и помага да не ја впивате енергијата на оние околу вас. Движете се самоуверено и држете ја главата високо крената, не дозволувајте никому да ве прави да се чувствувате потчинето или медиокритетно.
5. Преземете 100% одговорност за мислите и емоциите
Како се чувствувате е ваша одговорност. Вселената праќа разни луѓе во нашите животи за да нѐ тестира. Перцепцијата што ја имаме за себе е многу посилна од она што другите ја имаат за нас. Вие не сте жртва и никој нема власт над вас.
Помислете како вашите сопствени мисли и емоции се манифестираат, пресоздадете ја ситуацијата која ви додева. Може одговорот да се крие во вашето ниво на толеранција, раздразливост или сочувство. Ако не внимавате, со тоа сами даваме потврда за сопствената виктимизација во однос на светот кој нè опкружува.
Почнете да барате одговорност од себе за начинот на кој реагирате на нешто поврзано со вас на едно подлабоко ниво.
Ставете се себе во ситуации кои ја зголемуваат вашата енергија. Научете да се заштитите себеси од енергиите на другите луѓе. Ова е процес кој започнува со љубовта кон себе. 
Запомнете дека заслужувате среќа и мир, целосно во ред е на нештата да им кажете НЕ и само вие сте автори на својата енергетска состојба.Ако сте биле во една просторија со негативен човек, знаете колку токсична може да биде нивната енергија. Една од најважните вештини на духовно ниво

Пронајдете не на следниве мрежи: