Како да преживеете каснување од змија: Еве што НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ, а што морате ВЕДНАШ да направите!

На нашите подрачја живеат неколку видови змии, од кои три се отровни, а останатите се безопасни.Поскокот, шарката и остроглавата шарка, се помалку отровни од африканските и азиските змии, како што се кобрата или црната мамба, па нивниот отров ретко кога е смртоносен. Поскокот е поотровен од останатите.
Како да препознаете рана – На местото на раната се гледаат две дупчиња од змиски заби. Понекогаш постои само една. Не мора секогаш да значи дека змијата во раната оставила и отров.
Во дури 22 проценти од докажаните рани немало знаци на труење.
Знаци на труење
– Вртоглавица.
– Повраќање.
– Болка на местото на раната.
– Оток на лимфните жлезди во препоните доколку раната е на нога, или кај пазувите доколку раната е на рака.
– Шокот е најопасна последица.
Постапка за лекување
– Лицето треба да мирува.
– Имобилизирајте ја ногата или раката на која е раната. Со тоа се забавува ширењето на отворот во организмот.
– Потребен е брз превоз до болница.

 

Имобилизација е постапка со која повредениот дел од телото се става во состојба на мирување. Во рамките на прва помош се спроведува привремена имобилизација. Нејзината цел е да спречи влошување на повредата и да се намали болката за време на превозот до болница.
Во состојба на мирување се става ранетиот дел од раката или ногата и двата соседни зглобови. Ногата се имобилизира во исправена положба, а раката треба да биде завиткана кај лактот и доближена до телото.
Најчести грешки
– Не го преврзувајте екстремитетот.
– Не ја допирајте раната.
– Не се обидувајте да го извадите отровот.
– Не ставајте мраз на местото на раната.
Превенција – Некои рани, како оние кога случајно ќе згазнете на змија, речиси е невозможно да се спречат.
Меѓутоа, постојат мерки на претпазливост, кои можат значително да ја намалат можноста да ве касне змија.
– Оставете ја змијата на мир. Многу луѓе кога ќе бидат каснати, се обидуваат да и наштетат на змијата.
– Избегнувајте висока трева доколку немате соодветна облека.
– Рацете и нозете не ги ставајте во непрегледни места.
– Не кревајте камења или парчиња дрва доколку не сте доволно оддалечени од потенцијален напад на змија. Бидете посебно внимателни доколку се искачувате по карпи.

Пронајдете не на следниве мрежи: