Вестите за терористичките напади секогаш се застрашувачки, но за родителите постои дилема што да им кажат на своите деца кога такво нешто ќе се случи. Меѓу двете опции премолчување (гаснење на телевизорот) или разговор со своето дете, експертите ја препорачуваат втората опција.Советот на експерите е да не се одбегнува разговор за овие прашања, но при тоа да се биде многу внимателен, јави Би-Би-Си.
Клиничкиот психолог Ема Ситрон вели дека семејството не треба да одбегнува разговор за трагичните случувања во Манчестер.
– Дадете им на децата основни факти, кажете им го тоа што сакаат да го знаат, прашајте ги што би сакале да знаат, а потоа тоа образложете им го, вели таа.
Ситрон додаде дека е неопходно да дадете поддршка и да се прилагодите согласно нивната реакција.
– Неопходно е да ги прегрнете, дури и да заплачете со нив доколу тие плачат, односно да одговорите на нивните емоции, порача таа.
Др. Бернадка Дубицка од Ројал колеџ од псахајатристс (Royаl College of Psychiatrists) истакнува дека исклучyвање на телевизорот и радиото може дa биде заштитен инстинкт, но тоа не е практично во денешното општество.
– Родителите не можат да ги заштитат децата од овие случувања во целост. Реалноста е дека децата и младите луѓе ги бомбардираат со вести 24 часа дневно, вели таа.
Таа истакнува дека најважна работа за родителите е да бидат таму и да се обидат да им помогнат на своите деца да управуваат со своите емоции.
– Обидот да се сокријат вестите не е од помош, затоа што децата веста ќе ја слушнат некаде на друго место, а родителите нема да бидат тука да ги упатат во тоа, порача таа.
Експертите наведуваат дека е важно да се разговара за вестите, но дека родителите треба да ги избегнуваат непотребните детали.
– Избегнувајте ги непријатните детали, нема потреба од нив. Не опишувајте крвопролевање, покажувајќи им ги сликите. Избегнувајте се што може да доведе до трауми кај детето, рече таа.Советот на експерите е да не се одбегнува разговор за овие прашања, но при тоа да се биде многу внимателен, јави Би-Би-Си.
Клиничкиот психо