Како да се биде ДОБАР БАКНУВАЧ? – 10 совети од научни истражувања – ПРВ ДЕЛ

Што вели науката за тоа „Што значи да се биде добар бакнувач?“Редовните читатели можеби ќе кажат „што по ѓаволите е ова?“
Во суштина, како да се биде добар бакнувач е нешто што за што никој не добива инструкции.
Сепак, тоа може да биде голем дел од нечиј личен живот и изворите кои ги добивме се информации научно истражени.
Ајде да се справиме со тоа.
Без илузии: Бакнувањето е важно
Истражувањето покажа дека фреквенцијата на бакнувањето е во корелација со задоволството во врската.
Според науката за бакнување: Што ни кажуваат усните (The Science of Kissing: What Our Lips Are Telling Us):
Севкупно, истражувањата покажале дека количината на бакнежите е пропорционална со нивното ниво на задоволство од врската.
59% од мажите и 66% од жените ја завршиле врската поради тоа што партнерот лошо се бакнувал.
Првиот бакнеж е неопходен ризик во секој млад и надежен сексуален однос; една неодамнешна студија од психологија покажала дека 59 отсто од мажите и 66 проценти од жените изјавиле би раскинале со потенцијален партнер, поради него.
Луѓето се сеќаваат на нивниот прв бакнеж многу појасно отколку првиот пат кога имале секс.
Психологот Јоhn Bohannon од Батлер Универзитетот покажа дека повеќето од нас можат да се сетат до 90 отсто од деталите на првиот романтичен бакнеж. Во својата студија за петстотини луѓе, од повеќето се сетиле на ова искуство многу појасно одколку нивниот прв сексуален однос.
Во филмовите како “Pretty women”, се прикажува деека проститутките не се бакнуваат во уста, бидејќи тоа е премногу интимно.
И тоа е всушност е вистина.
Воздржувањето од бакнување во уста кај жените од „најстарата професија“ било нормално многу долго време. Според социјалните научни извештаи на Joann Brewis и Stephen Linstead проститутките не се бакнуваат во уста затоа што тоа бара “вистинска желба и љубов кон другиот.” Преку избегнување на бакнежот со клиентот, тие се во можност да ги задржат најдобрите емоции надвор од нивната професија.
Мажите кои ги бакнуваат своите жени пред да одат на работа живеат 5 години подолго, заработуваат 20-30% повеќе пари и далеку е поверојатно да не направат сообраќајна несреќа на пат кон работа. Со бакнувањето на жената пред да одите на работа, психолозите посочуваат дека денот ќе ви започне со позитивен став, а тоа води кон поздрав начин на живот.

 
Зошто се бакнуваме?
Со бакнувањето ние тестираме дека некој ќе биде (биолошки) добар партнер за нас.
Добар дел од научната литература шпекулира дека бакнувањето може да ни помогне да избереме соодветен партнер, или да не натера да сфатиме дека таквиот спој е лоша идеја … Размената на мирисни, допирни, и постурални информации влијаат на одлуката дали ние треба да продолжиме со партнерот, и исто така бакнежот може дури да ни каже за нивото на посветеност на потенцијалниот партнер и генетската компатибилност.
Истражувањето покажа дека бакнувањето им е многу поважно на жените отколку на мажите.
Жените биле многу фокусирани на забите на мажите и нивната хигиена.
Мажите го гледаат бакнувањето само како чекор кон сексот.
Други студии откриваат дека овие разлики се во зависност од културите.
Според науката за бакнување: Што усните ни кажуваат (The Science of Kissing: What Our Lips Are Telling Us):
Жените далеку повеќе  гледаат во бакнувањето како добар начин да се процени потенцијалниот партнер или да иницира, одржување, и следење на долга врска. Тие, исто така го  оценуваат здивот и вкусот на бакнежот на човекот, како многу значајно во одредување на тоа дали да се продолжи со бакнување на партнерот во моментот или во иднина. Жените далеку повеќе се заинтересирани за здравиот изглед на забите, а го вреднуваат бакнувањетовмногу повеќе од мажите – пред, за време и после сексуалениот однос. Мажите, од друга страна, пак, се многу помалку пребирливи во врска со бакнувањето и многу повеќе заинтересирани за лицето и атрактивноста на телото.
Како да знаеме дека некој сака да не бакне?
Оваа дилема веројатно произведува повеќе нервоза и непријатност од било што друго во врска со бакнувањето.
Важно е да се напомене дека без разлика на тоа дали вашите намери се романтични или не, да се бакне другото лице во образ или било каде, потребно  е да се знае дека се движите во “личниот простор“ на поединецот. За да му се доближите овој проблем мора да имате стекнато одредено ниво на доверба меѓусебно.
Доколку момчето и ја допира косата на девојката.
Тоа е доволно интимен гест за да сфатите дека е заинтересиран за неа, или подобро кажано, на тој начин момчето и дава зелено светло на девојката…
Вториот дел од статијата, односно советите кои ги даваат научниците во врска со бакнувањето за мажи и за жени, можете да ги прочитате на следниот ЛИНКРедовните читатели можеби ќе кажат „што по ѓаволите е ова?“
Во суштина, како да се биде добар бакнувач е нешто што за што никој

Пронајдете не на следниве мрежи: