Како да се биде ДОБАР БАКНУВАЧ? – 10 совети за мажи и за жени од научни истражувања – ВТОР ДЕЛ

Во текот на вчерашниот ден го објавивме првиот дел од текстот – Како да се биде добар бакнувач (можете да го погледнете на следниот ЛИНК), а сега следи неговото продолжение. Еве неколку совети за мажи и за жени.Совети за жени
За уметноста на бакнување Вилијам Кан ги праша мажите кои се нивните најголеми поплаки и желби кои се однесуваат на бакнувањето.
Дами, сакате мажите да мислат дека сте добар бакнувач? Овде се неговите резултати од истражувањето.
– Отворете ја устата повеќе. Истражувањето покажува дека мажите сакаат “повлажен бакнеж со повеќе акција на јазикот.”
– Иницирајте повеќе
Бидете поагресивни со јазикот и земете ја главната улога при бакнувањето.
Веројатно би се заклучило дека не треба да се држите на страна – Преземете акција.
Совети за мажи
Ова се наодите од уметноста на бакнување на Вилијам Кан
– Не го туркајте јазикот до грло. Ова е најчеста поплака од жените. Ја бакнувате, не се обидувате да вметнете вонземјански ембрион во нејзиниот стомак.
– Сконцентрирајте се на нејзиното дишење. Бидете сигурни дека сте и овозможиле да дише. Жените уживаат во бакнувањето повеќе кога не се гушат.
– „Слушај“ го нејзиното бакнување. Следи го нејзиното темпо, Одговори на нејзината акција со јазик со слична акција од твоја страна. Да го водиш бакнежот и да бидеш агресивен може да биде добро, но да бидеш насилен и несвесен е лошо.
Исто така пожелно е да водите сметка за хигиената на забите и притоа да носите мастика во секоја прилика.
Без разлика колку некој е атрактивен лошата хигиена може да го убие моментот пред истиот да започне. Oва особено се однесува за мажите, бидејќи како што спомнавме жените во голема мера обрнуваат внимание на вкусот и мирисот на бакнежот со потенцијален партнер, од што може да зависи понатамошната врска.
Неколку други податоци од истражувањето на Вилијам Кан за уметноста на бакнување:
– 53% од жените преферираат да бакнуваат избричен маж
– Омилено место кое жените сакаат да им биде бакнато освен устата е вратот. 96% од жените се изјасниле дека сакаат бакнежи во вратот, додека само 10 % од мажите го прават тоа.
„Жените исто така се жалат дека мажите не прават варијации при бакнувањето, дека тие се премногу монотони и повторливи. Жените сакаат неколку различни бакнежи: врат, уши, „липосукција“ која се движи од горната до долната усна…бидете креативни.“

 
И тоа не е се за техниката
Кко што рекол Сун Цу: „сите војни победиле или изгубиле пред воопшто да почнат да се борат“. Така е и со бакнувањето.
Можете да бидете добри бакнувачи, но верувате дека никој никогаш не би ве бакнал. Ова може да биде пречка на нештата.
Изгледот е важен, затоа изгледајте добро. Да, очигледно е, но доколку маж носи  црни чорапи и сандали…каде?
Застани цврсто на сцената. Запознавањето еден со друг ги олеснува работите и ги поставува темелите за хормонски погодна интимност.
Ако сакате се да оди како што треба, одберете вистинско време и место, а не да застанете пред некој загушлив бар.
Добро е да знаете што вашиот партнер сака – а што не сака. Бакнувањето не е некој олимписки спорт за да се процени на скала од 1-10. Голем дел од него е личен избор. Колку повеќе ќе се запознаете со вашиот партнер, и колку вашата врска напредува, толку вашиот начин на бакнување во неговите очи ќе биде подобар. Совети за жени
За уметноста на бакнување Вилијам Кан ги праша мажите кои се нивните најголеми поплаки и желби кои се однес

Пронајдете не на следниве мрежи: