Каснувањата од некои видови на бубачки и инфекции на кожата, најчесто се припишуваат на пајаците. Само неколку видови пајаци имаат отровни заби да навлезат во човечката кожа и да пуштат опасен отров кој би влијаел на човечкото здравје. Црната вдовица е најотровниот европски пајак.
Причина и симптоми на каснување од пајак
Каснувањата од пајаците се јавуваат како резултат на пуштањето отров под кожата. Силината на симптомот зависи од видот на пајакот, количината на отровот и колку е телото чувствително на каснувања.
Знаци и симптоми на каснување од црна вдовица
Болка- обично се појавува во рок од еден час од моментот на каснување. Се шири од местото на каснување кон стомакот, грбот или градите.
Грчеви- грчеви во стомакот или вкочанетост понекогаш може да доведат до пукање на слепото црево
Потење – прекумерно потење може да се појави околу местото на каснувањето или во целиот негов предел
Лечење
За повеќето луѓе кои се каснати од пајак, мерките за лечење се:
– исчистете го местото со сапун и вода
– нанесете ладен облог на местото како би ја намалиле болката и воспалението
Ако каснувањето е на екстремитетите, тогаш тие нека бидат подигнати. Можете да користите и лекови против болка
Ако случајно ве касне црната вдовица, потребно е веднаш да отидете на лекар, кадешто треба да ви даде противотров. Противотровот може да предизвика сериозни алергиски реакции, па затоа мора да се внимателно да се користи. Причина и симптоми на каснување од пајак
Каснувањата од пајаците се јавуваат како резултат на пуштањето отров под кожата.



