Како да се наспиете?

Несоницата во одредена фаза од животот се појавува кај едно од три лица. Покрај тоа што може да доведе до хроничен умор и намалена концентрација, долготрајниот недостиг на сон генерално има негативно влијание врз здравјето.Меѓу другото, недостатокот на сон може негативно да влијае врз здравјето на срцето, да предизвика депресија, или дури и Алцхајмерова болест, па затоа е многу важно да имате долг и квалитетен сон. 
Притоа, имајте на ум дека на сите ни е потребна различна количина на сон – на возрасните луѓе им се потребни 7 до 8 часа, додека постарите лица во просек спијат помалку
Можеби е проблемот во попладневната дремка
Причините за попладневна дремка можат да бидат различни – лоши навики во спиењето, различно време на легнување во кревет и будење, работа во смени или редовно земање на поединечни лекови, како оние за зголемен крвен притисок, алергии, астма, депресија и слично. Доколку некогаш спиете попладне, важно е тој ритуал да не трае предолго, со цел да не го поремети ноќното спиење.
И храната и алкохолот можат да предизвикаат несоница
Алкохолот е добар седатив, но тој доведува до почести будења во текот на ноќта, додека кофеинот и никотинот поттикнуваат будност.
Како да се ослободите од несоницата?
Концентрирајте се на позитивните аспекти на сонот
Секогаш имајте ги предвид позитивните работи кои ги носи добриот сон: помала чувствителност на организмот на болести, повеќе енергија, поведро расположение, подобра контрола на тежината и подобар секс.
Наместете аларм за спиење
Допишувањето на социјалните мрежи пред спиењето е “заразно”, па често го надминуваме времето за легнување. Поради тоа, наместете си аларм, па кога тој ќе се огласи, оставете ја целата технологија настрана.
Одредете ги вашите лични ритуали
Почнете со нешто помало, како оставање на телефонот еден час пред спиењето, капење во миризливи купки и читање на некоја книга или списание.
Водете дневник за спиење
Обидете се да ги забележите сите позитивни ефекти од спиењето кои сте ги забележале кај вас, како на пример тоа што се будите свежи наутро.Меѓу другото, недостатокот на сон може негативно да влијае врз здравјето на срцето, да предизвика депресија, или дури и Алцхајмерова болест, па зат

Пронајдете не на следниве мрежи: