Како да се ослободиме од негативните мисли

Постојано се грижиме, до мера на опсесивност. А нашиот ум треба да ни биде сојузник а не непријател.Едно од најголемите прашања со кое се соочуват многу психотерапевти и советници е како да го скротиме својот ум и да го претвориме во сојузник наместо непријател. „Нашето секојдневно страдање е , пред се, од психолошка природа“, предупредува Дипак Чора. „Постојано се грижиме, до мера на опсесивност. Не прогонуваат некои дамнешни проблеми, се грижиме за другите. Луѓето упорно си поставуваат прашања како: што не е во ред со мене, што ќе се случи со мене, како ќе се извлечам од ова и како ќе најдам пари…“
Некогаш е многу тешко да се отргнеме од овие мисли. Упорни се и се чини дека никогаш нема да избледат. Дипек Чора на овој начин ги анализира овие прашања:
Што  не е во ред со мене?
Ваквите мисли се раќаат од личната несигурност, сомнежот и постојаните самоосуди. Кога човекот се бори со нив со упорно поставување на спротивни ставови во стилот „со мене е се во ред“, со тоа само се поместува „нишалото“ на нереалистичноста во спротивен правец но суштинскиот проблем не се решава. Решението да се сконцентрирате на себе и да ја повратите самодовербата.
Што ќе се случи?
Ова е клучно прашање за отсуство на довербата. Во животот никогаш не се знае точно што ќе се случи и затоа единственото решение е да се живее, во полна смисла на  овој збор, во сегашноста. Прифатете дека иднината не е нешто недостижно за вас, туку останува тајна за сите. Колку и да се грижите нема ништо да смените.

Како ќе се извлечам од ова?
Ова прашање често го открива чувството на тоа дека сте фатени во „стапица“. За да се ослободите од ова чувство, морате да ослободите повеќе простор за вашата креативност. Нема да пронајдете никакво решение доколку само паничите и затоа, наместо да се чувствувате како заробени, гледајте  го проблемот како шанса да се докажете. Кога ќе се ослободите од стравот, ќе отворите пат за нови решенија.
Како да најдам пари?
На прв поглед, ова прашање се однесува на финансии. Но, длабоко во душата, се крие страв дека и самиот живот ќе биде загрозен. Мислите дека парите се тие кои ве штитат од потенцијалниот губиток на на контрола и доколку немате доволно пари, некои невидливи сили можат да ја превземат контролата. Тоа значи дека во себе морате да направите некое безбедно место. Смислената количина пари секако претставува сигурност, но чуството на беспомошност е психолошко прашање. Во себе ќе чувствувате потполна сигурност не во моментот кога ќе заработите сосема доволно туку во моментот кога ќе можете да кажете „јас сум сосема доволен“.Едно од најголемите прашања со кое се соочуват многу психотерапевти и советници е како да го скротиме својот ум и да го претвориме во сојузник наме

Пронајдете не на следниве мрежи: