Откако се појавија, кредитните картички за некои се ослеснителна можност за плаќање, но за други се вистинска ноќна мора. Дури и оние кои не можат да си ги дозволат поради својот економски стандард поседуваат повеќе од една кредитна картичка.
Но, доколку не можете да си ги дозволите, а сепак ги имате, можете да заглавите во невидени долгови. Или веќе се наоѓате во нив и барате решение како да се ослободите од долговите на кредитните картички?
Доколку е така, следете ги овие четири чекори и дефинитивно ќе почувствувате олеснување од овие долгови:
1. Пресметај ја точната сума на твоите долгови
Без разлика колку кредитни картички поседуваш, пресметај колку вкупно должиш на секоја од картичките. Откако ќе ја дознаеш точната бројка на твоите долгови, реши дали ќе одвојуваш месечно за вкупната сума, или само за долгот на една кредитна картичка.
2. Одлучи која кредитна картичка ќе ја плаќаш
Доколку решиш една по една да отплаќаш, тогаш реши која ќе биде прва. Препорачливо е да почнеш од оние на кои имаш најнизок долг, затоа што побрзо ќе ги тргнеш од листата на долгови на кредитни картички. Препорачливо е неделно да отплаќаш, доколку се договориш со банката, за да може што побрзо да завршиш со помалите суми и да започнеш со поголемите.
3. Уништи ја картичката
Земете ножици и исечете ги сите кредитни картички. Чувството е убаво нели? Уште поубаво ќе биде ако ја земеш онаа кредитна картичка која веќе си ја исплатил и ја исечеш на милиони мали делчиња. Тогаш знаеш дека засекогаш си завршил со неа, а тоа ти дава поголема мотивација дека работите ќе се средат и долговите ќе се исчистат за брзо време.
4. Намали ги трошоците од другите кредитни картички
Човечки е да трошиме онолку колку што имаме. Но, сепак секој треба да има граница доколку не сака да се најде во невидени долгови кон банките. Убаво е чувството да имаш и пет кредитни картички, но само доколку знаеш како да менаџираш со нив и никогаш да не си дозволиш да западнеш во долгови на ниту една од картичките. Затоа, бидете совесни кога ја поминувате кредитната картичка и трошете онолку колку навистина ви е потребно и неопходно.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Откако се појавија, кредитните картички за некои се ослеснителна можност за плаќање, но за други се вистинска ноќна мо