Како да се ослободите од МИТЕСЕРИТЕ со помош на САМО 1 ЈАЈЦЕ?

Проблемот со проблематичната кожа подложна кон појава на акни и митесери, понекогаш знае да биде толку упорен и нагласен што претставува вистински пекол.Ви предлагаме едно едноставно, а притоа ефикасно решение. Тоа е маска за лечење бубулици, која можете да ја употребите и направите за само неколку минути
За подготовка на оваа маска, потребно ви е:
-1 јајце
-1 хартиено марамче
-неколку садови
Начин на припрема и употреба на маската:
Најпрво искршете едно јајце и раздвојте ја белката од жолчката. Откако ќе го направите тоа, изматете ги белките, толку колку да добиете кремава пенеста текстура. Така изматените белки, во рамномерен и тенок слој нанесете ги на кожата на лицето.
Потоа, искинете го хартиеното марамче така што едно парче ќе ставите на челото, друго парче на брадата, трето парче на носот и четвртото и петтото парче на образите. Доколку ви остана уште од изматените белки , дополнително, рамномерно нанесете ги на лицето преку залепените парчиња хартиени марамчиња.
Почекајте вашата маска од белка да делува онолку колку што е потребно за парчињата хартија сосема да се исушат. После тоа едно по едно парче, со брзо и прецизно движење одлепете го од лицето. Ќе почувствувате благо пецкање на кожата во моментот кога ќе ги одлепувате парчињата хартија. Може да се случи и кожата да ви биде малку црвена. Тоа не треба да ве загрижува бидејќи тоа е само моментална и нормална реакција на кожата.
Што да направите со жолчката? Погледнете на следната страна:

 
После тоа изматете ја жолчката која ви остана по употребата на белките и со неа намачкајте ја кожата на целото лице во тенок и рамномерен слој. Почекајте жолчката да делува околу 5 минути на кожата, а потоа измијте се, најпрво со топла, а потоа со ладна вода.
На кој начин делува оваа маска?
Белката има особина да го неутрализира присуството на маснотии и нечистотии кои се присутни во внатрешноста на вашите пори и кои предизвикуваат појава на акни и митесери. Со тоа, белките делуваат и така што го смируваат воспалението на кожата зафатена со присуство на акни така што ги затвора порите.
Од друга страна белката содржи изобилство на хранливи состојки кои ја зајакнуваат отпорноста на кожата од присуство на акни и митесери. Целта на употребата на хартиеното марамче е тоа што на тој начин, од лицето можете да симнете значително голема количина на маснотии и нечистотии од кожата, отколку што би можеле доколку белката само би ја измиле од лицето.
Колку често е потребно да се користи оваа маска?
Препорачливо е да се користи еднаш неделно. Не е потребно почесто, а не се ни препорачува поретко од тоа.
Најдобри рецепти, кулинарски трикови, совети за здравје и здрава храна, напитоци и диети, можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МК, или станете член од групата на следниот ЛИНКВи предлагаме едно едноставно, а притоа ефикасно решение. Тоа е маска за лечење бубулици, која можете да ја употребите и направите за само неколку

Пронајдете не на следниве мрежи: