Потребата за одолговлекување е природна појава кога се соочуваме со некоја задача, но доколку постојано се препуштаме на таа навика, таа буквално ќе нѝ го краде времето, мирот и здравјето.Одолговлекувањето ќе Ве чини многу, посебно доколку редовно не ги проверувате банкарските сметки или доколку избегнувате редовни посети на лекар – тоа може да го загрози Вашето здравје. Со одложувањето на обврските се намалува продуктивноста на работа, а приватните односи се заоструваат.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се склони кон одлагање на обврските и одолговлекување, имаат зголемен ризик од главоболки, несоница, дигестивни тегоби, висок крвен притисок и срцеви болести.
Не ја одолговлекувајте одлуката да престанете со одолговлекување
Најдобриот начин да ја промените оваа навика е истата да ја “пресечете во корен”. Веднаш започнете со она што го одложувате и работете на тоа барем 10-тина минути. Истражувањата покажуваат: кога ќе започнете да извршувате одредена задача, ќе ја гледате на поинаков начин и проблемот повеќе нема да Ви се чини нерешлив.
Проблемот со одолговлекувањето е подлабок отколку што мислиме
Не е доволно само да работите ефикасно, туку треба и искрено да се запрашате зошто ја одолговлекувате обврската. Дали е тоа “маска” на страв и несигурност? Дали се работи за страв дека во нешто не сте доволно добри, па затоа го избегнувате истото? Или одолговлекувате затоа што всушност не сакате да го правите тоа што треба и не сте задоволни со својот живот? Со одоговлекувањето уште повеќе се “вкопувате” во проблемот.
Направете реален план
Доколку пред Вас стои голема задача, поделете ја истата на неколку помали задачи за кои ќе поставите мини рокови. Организирајте ги според приоритетите, така што најпрво ќе го направите она што е најбитно. Немојте да се преоптоварувате туку поставете си цели кои можете да ги остварите. Не се откажувајте од зацртаниот распоред и планирајте го денот, а доколку имате проблеми со концентрацијата, одвојте само 20-30 минути дневно за работа на зацртаната задача, не повеќе.
Користете “временска блокада”
Извршувајте само една одредена задача во одредено време. Така ќе се фокусирате, наместо да “скокате” од една задача на друга. Кога работите, не го проверувајте мејлот или социјалните мрежи, намалете го звукот на Вашиот мобилен телефон и исклучете го телевизорот. Доколку Ви е неопходен звук во позадина додека работите, нека биде тоа некоја тивка инструментална музика.
Визуализирајте ја задачата како успешно завршена
Верувајте во себе и наградете се за успехот со некое мало задоволство како што е чаша топло кафе, маникир итн.
Користете “временска блокада”
Извршувајте само една одредена задача во одредено време. Така ќе се фокусирате, наместо да “скокате” од една задача на друга. Кога работите, не го проверувајте мејлот или социјалните мрежи, намалете го звукот на Вашиот мобилен телефон и исклучете го телевизорот. Доколку Ви е неопходен звук во позадина додека работите, нека биде тоа некоја тивка инструментална музика.
Визуализирајте ја задачата како успешно завршена
Верувајте во себе и наградете се за успехот со некое мало задоволство како што е чаша топло кафе, маникир итн.Одолговлекувањето ќе Ве чини многу, посебно доколку редовно не ги проверувате банкарските сметки или доколку избегнувате редовни посети на лекар &n