Како да се справите со ПМС

Предменструалниот синдром – денови кога од очите ви излегуваат молњи и кога сите ваши верувања ви наложуваат дека големо Милка чоколадо е подобро од овошјето кое веќе некое време стои пред вас.Според студијата на болницата Сент Лукс-Рузвелт од Њујорк, дневното внесување на 1200 милиграми калциум може да ги намали овие незгодни симптоми и до 54%. Тоа е количество кое се содржи во три чаши млеко, а може да се зема и како додаток кон исхраната кој ќе ја санира намалената хранливост во храната, посебно ако не внесувате млеко и млечни производи.
Истражувањето е спроведено врз примерот на 497 жени и дава потполно поинакво светло на најомразениот ПМС.
Затоа, доколку пред менструацијата чувствувате надуеност, болка, раздразнетост, поизразена желба за храна, имате мигрени и страдате од чести промени на расположението, почнете да јадете храна која изобилува со калциум.
Храна богата со калциум
Калциумот е елемент кој е есенцијален за здравите коски и заби. Веганите кои не внесуваат млеко и млечни производи, можат да консумираат калциум преку брокули, спанаќ, блитва и сушено овошје. Бидејќи некои од овие зеленчуци содржат и некои соединенија кои ја спречуваат апсорпцијата на калциумот, можеби е подобро да се осигурате и со други намирници, како што се збогатено млеко од соја и тофу, како и адекватен додаток кон исхраната.Според студијата на болницата Сент Лукс-Рузвелт од Њујорк, дневното внесување на 1200 милиграми калциум може да ги намали овие незгодни симптоми и

Пронајдете не на следниве мрежи: