Како да се справите со потењето?

 
Се наоѓаме во период од годината кога овој проблем добива се поголеми размери. Иако е добро да се потите и на овој начин да ги извадите од вас сите отровни бактерии, сепак непријатниот мирис и дамките на кошулите и блузите и не се некоја убава слика. Токму затоа прочитајте овие корисни совети за соочување со овој проблем.
 Тело
При туширање користете антибактериски сапун. Тој ќе допринесе за намалување на количината на бактерии на кожата и ќе го намали непријатниот мирис. По туширањето избришете ја водата од телото со крпа која убаво упива и особено обрнете внимание на делот на препоните и пазувите. Бактериите многу потешко се размножуваат на сува кожа. Често менувајте ја облеката и употребувајте материјали на природна база кои ќе допринесат во намалување на непријатните мириси. Не претерувајте со јадењето пиперки и зачинета храна бидејќи го поттикнуваат потењето.
Пазуви
Најважно е редовно да ги отстранувате влакната под пазувите бидејќи тие најлесно ги апсорбираат бактериите на себе. По секое туширање нанесете дезедоранс, кој во својот состав нема да има алуминиум бидејќи ги затвара порите и не дозволува кожата слободно да диши. Кога ќе почувствувате дека сте испотени, а моментално не сте во можност да се истуширате, најдобро е да се избришете со влажна марамица и откако ќе се исуши местото да нанесете дезедоранс. Стресот допринесува до поголемо потење. Единствено решение е да пробате да се опуштите и да легнете. При тоа секогаш одбирајте да легнете на грб бидејќи на тој начин потењето ќе престане или во најмала рака ќе се намали.
Нозе
Пред да облечете чевли, измијте ги нозете и убаво избришете ги особено на пределот меѓу прстите. На стапалата ставете детска пудра во прав која ќе ја апсорбира потта во текот на целиот ден. Не носете ист пар чевли два дена по ред бидејќи е неопходно да оставите да се проветрејат и од нив да излезе непријатната миризба. Не облекувајте чевли на боса нога бидејќи многу полесно се поти, а потта се втемелува во самата обувка и е легло на бактерии. Секој ден мијте ги нозете со ладен црн чај кој е одличен во борбата со бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис. По недела дена од третманот, ќе почнат да се забележуваат резултати.Тело
При туширање користете антибактериски сапун. Тој ќе допринесе за намалување на количината на бактерии на кожата и ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: