Како да се заштитиме од темните дамки на лицето

Најчестата причина за појавување на темните дамки или хиперпигментацијата на кожата е излегувањето на сонцето.Хиперпигментацијата настанува поради прекумерно произведување на меланин пигмент, кој природно го има во кожата и на која и дава боја – во одредени делови на кожата. До таквата појава доаѓа кога се излегува на сонце, кога организмот трпи хормонални промени, повреда и стареењето кое го зголемува производството на меланин кај одредени делови на кожата. Најчеста причина на хиперпигментацијата е прекувременото излегување на сонце без заштитна крема од UV зраците и кога ќе се појават за прв пат, доколку адекватно не се заштитите од сонцето, флеките и пеѓите ќе бидат се потемни и потемни.
Дисколорација на кожата на лицето, позната како „машка бременост“ или клоазма, честопати се јавува за време на хормоналните пореметувања и тоа 90% највеќе кај трудниците, но ситуацијата може повеќе да се влоши ако се излегува на сонце.

 Дерматолозите препорачуваат деловите на лицето кои се со хиперпигментација, задолжително да се мачкаат со крема со UV фактор и тоа уште на почетокот на пролетта, со појавата на првите сончеви зраци. За време на летните месеци, личноста на која кожата и е чувствителна и склона на темни дамки, треба да користи заштитен фактор 50 и да користи препарати, да го избегнува сонцето и да носи капа која ќе го покрива лицето.
 Овој проблем може да се третира и со хемиски пилинзи и ласерски терапии кои вклучуваат „горење“ на зафатената површина. Тој зафат не е ефтин и не е гаранција дека повторно нема да се појават.
 На пазарот се појавуваат препарати кои ја намалуваат хиперпигментацијата. Се темелат на активни состојки кои делуваат позитивно на лицето и видно се приметува разликата.
Во секој случај, треба да се внимава. Има голем број на производи кои ветуваат брзо отстранување на хиперпигментацијата и кои ја враќаат блескавоста на лицето и изедначување на тенот. Препорачуваме, пред да се одлучите за било која крема, советувајте се со вашиот лекар или дерматолог.Хиперпигментацијата настанува поради прекумерно произведување на меланин пигмент, кој природно го има во кожата и на која и дава боја – во од

Пронајдете не на следниве мрежи: