Како да се заштитите од молњите и громовите

Кога станува збор за временските непогоди, молњата и громот се помеѓу оние кои годишно земаат најмногу жртви. Затоа многу е важно да знаеме како да се заштитиме од нив.По поплавата, молњата е најопасната природна непогода за човекот. Кога надвор грми, најдобро е да останете дома, но треба да направите и уште нешто.
Немојте никако да користите телефон додека грми. Не стојте во близина на вода што тече, не се туширајте и не вклучувајте машина за перење.
Исклучете ги сите електрични уреди од струја. Дури и ако куќата не ви ја погоди гром, можно е преголемиот напон да предизвика штети во електрониката.
А што доколку се најдете на отворено?

 
Ако сте на море, подобро е да излезете од водата и веднаш да се засолните некаде. Во вода главата ви е највисоката точка, па многу е лесно молњата да ве погоди.
Доколку почувствувате морници по телото и косата ви се наелектризира и исправи нагоре, знајте дека во тој момент ќе ве погоди гром. Ако нема каде да се засолните, клекнете и со рацете покријте ги ушите, за да не се оштетат ушните тапанчиња.
Ако сте во автомобил, останете внатре. Автомобилот претставува модел на т.н. фарадаев кафез. Молњата преку него не може да стигне до земјата и да се испразни.По поплавата, молњата е најопасната природна непогода за човекот. Кога надвор грми, најдобро е да останете дома, но треба да направите и уште нешто

Пронајдете не на следниве мрежи: