Како да се заштитите од сонцето на плажа?

Заштитете се од сонцето како вистински професионалец со помош на овие неколку совети:Мислете однапред
Луѓето често забораваат да нанесат крем на темето па често завршуваат со изгореници на тој дел од главата. Затоа нанесете заштитен крем и спреј за да избегнете непријатности.
Нанесете крем пред да се облечете
Ако го нанесете кремот откако го облечете својот костим за капење или облеката, веројатно ќе пропуштите некој дел од телото. Што се однесува до количината, на вашето тело му е потребна крем колку една чашка ракија, а за лицето уште една лажичка за чај.
Не чекајте да излезете надвор
Еве уште една причина зошто е добро да нанесете крем пред да се облечете, потребни се барем дваесет минути за кремот да се впие и да се активира заштитниот ефект. Затоа, имајте на ум ако нанесувате крем откако ќе излезете надвор, првиот половина час нема да имате никаква заштита.
Одберете добар и свеж крем
Ако веќе нанесувате заштитен крем за лице, одберете формула која има и други погодни карактеристики. Сите имаме некој крем или лосион од претходната година, но многу е важно секоја сезона да ја започнете со свеж крем/лосион. Активните состојки со тек на време го губат своето дејство па секогаш проверувајте го рокот на траење.
Не ги допирајте очите
Кога се нанесува блиску до очите кремот за сончање може да има надразнувачки ефект. Но, тоа не е причина да избегнувате нанесување на крем на подрачјето околу очите.Мислете однапред
Луѓето често забораваат да нанесат крем на темето па често завршуваат со изгореници на тој дел од главата

Пронајдете не на следниве мрежи: