Како да создадете навики кои ќе ве направат богати?

Според студијата на Универзитетот Дјук во 2006 година, над 40% од нашите дневни активности се навики.Навиките имаат многу важна цел: го спасуваат мозокот од работа преку потиснување на одредени повторливи задачи во област со големина на орев, во средината на мозоокот, наречена “базални ганглии”.
Во моето 5- годишно истражување на дневните навики на 233 богати лица (со годишен приход над 160 000 долари и вкупен нето капитал од над 3,2 милиони долари) и 128 сиромашни лица (со годишен приход од 35 000 долари или помалку и вкупен нето капитал од 5000 долари или помалку), открив 10 клучни навики кои ги одделуваат богатите од сиромашните и се нарекуваат “навики на богатите”.
Луѓето, кои научија за навиките на богатите од нивните родители, ментор или на училиште, успеаа во животот. Тие кои никогаш не ги научија овие навики и наместо тоа се оптоварено со она што јас го нарекувам навики на сиромаштијата, преживување, финансиска борба, имаат лоша здравствена состојба и несреќен живот.
Со цел подобро да се разбере процесот на додавање и отстранување на навиките, важно е да се разбере како навиките се формираат и како психолошки се отстрануваат од нашиот мозок.

Навиките се натпреваруваат во мозокот
Невроните (мозочните клетки) се натпреваруваат за нешто што се нарекува “кортикален простор” во нашиот мозок. Помислете на кортикалниот простор како мозочен недвижен имот. Исто како што има силна побарувачка за вода на имотот, така постои силна побарувачка за овој мозочен недвижен имот. Со цел да се научат нови вештини и факти или да се воведе нова навика, ние мора да создадеме нови нервни патишта во нашиот мозок.
Создавањето нервни патишта сепак не е лесно остварлива цел, поради тоа што старите нервни патишта се себични и не сакаат да се откажат од нивниот мозочен недвижен имот. Тие се борат за да го задржат мозочниот имот од други натрапнички неврони.
Ова е причина зошто одвикнувањето од старите навики е толку тешко. Постои војна за мозочните недвижности во нашите глави кога ќе се воведат нови навики.

Искористете ги вашите стари навики за да стекнете нови
Еве како функционира: Да речеме дека сакате да му додадете нова богата навика за секојдневно 30-минутно читање и да речеме дека имате стара навика на вежбање на степер секој ден по 30 минути. Ако ја земете книгата и читате додека вежбате на степерот, ќе создадете нова заедничка навика.
Друг пример: Ако имате стара навика за пиење кафе секој ден и сакате да додадете нова богата навика на пиење чаша вода секој ден, вие може да пиете вода пред или после секоја чаша кафе. Новата заедничка навика може да се стекне.
Со користењето на оваа стратегија, вие можете лесно да формирате нови навики, на кои можете да се привикнете. Секоја навика што ќе ја додадете во вашиот живот има кумулативен ефект. Тие се како инвестиција во вашиот успех. Со текот на времето овие успешни навики ќе ве придвижат поблиску до до постигнување на успех во животот.  
 
 Навиките имаат многу важна цел: го спасуваат мозокот од работа преку потиснување на одредени повторливи задачи во област со големина на орев, во ср

Пронајдете не на следниве мрежи: