Како да заработите 50 просечни македонски плати во една сезона?

Не гаталец, послушај паталец, според искусните работници, и според нивните изјави пронајдовме интересни информации за тоа како до 50 просечни македонски плати во една сезона, или пак на годишно ниво.1. Риболов на Свалбардските острови
Лов и риболов на островот Свалбард, кој се наоѓа на Артик, е познат по неверојатниот студ, но, може да представува и рај за оние кои се очајни и немаат никаква работа, ниту пак приходи. Луѓето во овој крај се занимуваат со лов, риболов и турзизам а официјалните податоци ни покажуваат дека заработката на годишно ниво е околу 60.000 евра по човек.Олеснителна околност за работа на овој остров е тоа што не е потребна виза, ниту пак работна дозвола. На овие острови може да се стигне само преку Норвешка.
2. Лов на ракови
Лов на ракови представува една од најопасните работи. Постојат луѓе кои во текот на една сезона можат да заработат повеќе од 50 просечни македонски плати. Под ова подразбираме 24 часовна работа, 15 метарски бранови поладни од мраз, ветар со брзина од 129 километри на час, ладно време, снежни наноси како и санти лед.Во една сезона во првите 24 часа загинале 6 рибари. Процентот на повреди при оваа работа е 100 %. Во седум дена настанува повреда кај најмалку еден рибар. Во просек од 10.000 луѓе, животот го загубиле 300 рибари, а над 80 % починале поради смрзнување. Дали заработката од 200 милиони долари би била доволна за ризикување на вашиот живот? Милиони се заработуваат во борба со стотини илјади ракови кои достигнуваат големина и до 2 метри.

 
3. Недостаток на работен потенцијал во Германија
Доколку работата како ловец на далечниот Арктик или риболов во Берингово море изгледа претешко, можеби спасот ќе го најдете во Германија. Како што пренесува германската телевизиска куќа Дојче Веле, експерите од најголемото европско стопанство наведуваат дека во таа држава во наредните 30 години ќе недостасуваат помеѓу 300.000 и 500.000 работници на годишно ниво.На Германија под итно и се потребни експерти, пред сè информатичари и инженери, но и негователки и лекари.
4.Работа во Танзанија
Дел од жителите на балканот, својата среќа ја пронашле во Танзанија, иако оваа земја е сиромашна. Во последно време водечките светски компании одлучиле да отворат свое претставништво за Африка токму во оваа земја, а најбарани работници се Европјаните. За Гранд Казино во Танзанија, можете да бидете платени меѓу 2000 и 3000 долари. Вистинско богатство за Танзанија, но и за Балканот
5. Работа во Азербејџан, Ирак и Авганистан
Во последно време, во Азербејџан, владее голема потрага по молери и ѕидари, во оваа азиска земја работа може да најдат голем број на луѓе од Балканот. Многумина од жителите на земјите од поранешна Југославија мигрирале во Ирак и Авганистан, работејќи во кујна, складишта или транспорт на роба. Договорите се потпишуваат на една година, а платата е 3000 долари месечно
Извор: think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: