Како да заштедите пари на летниот одмор?

Сакате да осмислите незаборавен летен план, но вашиот буџет е ограничен? Експертите велат дека луѓето често трошат многу пари на бесмислени нешта на годишниот одмор, па затоа ви препорачуваме однапред да го скроите вашиот финансиски план за да заштедите на работите кои што навистина не ви требаат. Еве неколку совети!
1. Не јадете секој ден во ресторан
На одмор често трошиме многу повеќе пари за храна, не поради глад, туку повеќе од чиста алчност. Јадете во ресторанот секој втор или трет ден (или секој ден ако немате стан каде што може да се готви), а закуски, хамбургери, палачинки и вафли- сето тоа сведете го на минимум. Осмислете план за оброци и набавете ги намирниците од продавница.Така ќе заштедите повеќе пари,а ќе изгледате многу подобро во своите бикини.
2. Зачувате на патување
Најудобно е да летате со авион или да патувате со вашиот сопствен автомобил, но не заборавајте на високите трошоци кои ги носи овој вид на транспорт. Патувајте со воз или искористете ги предностите на попусти на автобуски билети, и ако сакате да одите со сопствен автомобил, најдете уште неколку луѓе кои одат до истата дестинација и поделете ги трошоците.
3. Дали ви требаат навистина толку списанија?
Жените на годишниот одмор често купуваат еден куп списанија кои ги листаат само два до три пати. Весници и списанија можете да прочитате додека уживате на кафе во најблиското кафуле, а за долгите часови на плажа понесете една книга.
4. Алкохол
Луѓето на одмор често трошат многу пари на алкохол, но, исто така, таму обично станува збор за алчност. Шарените коктели изгледаат прекрасно, но не морате да ги пиете секој ден. Подобро купете од најблиската продавница шише вино или жесток алкохол во кој ќе уживате, а дефинитивно избегнувајте купување на алкохол на бензинските пумпи каде што се најскапи.
 Сакате да осмислите незаборавен летен план, но вашиот буџет е ограничен? Експертите велат дека луѓето често трошат мно

Пронајдете не на следниве мрежи: