четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како до добра предигра?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Многумина ја сметаат за поважна од самиот секс. Жените често се жалат на своите љубовници кои премалку време посветуваат на предиграта – бакнување, мазење, дразнење и често ја прескокнуваат за да дојдат до меѓуножјето на својата драга. 
Како и за останатите работи во животот тоа е индивидуално од личност до личност и морате да почнете да го истражувате телото на својот партнер/ка.
Слушајте што му/и одговара и испробувајте разни движења и методи за да се ускладите и да уживате.
Доколку вашиот партнер/ка се жали дека малку бакнувате, време е тоа да го промените. Не заборавајте да се бакнувате за време на сексуалниот однос.
Кај најголем број жени ерогена зона е вратот и уживаат додека нежно им го бакнувате. Потрудете се предиграта да биде разновидна и да претставува предмет на задоволство.

Прв чекор за создавање пријатна атмосфера за секс е да се препознае важноста на предиграта, а не да се трча кон гениталиите на партнерот.
Еднакво се важни и романтичните детали кои не смеете да ги заборавите. Важно е вашата спална соба да биде топла и чиста.

Партерката сигурно со часови го бирала долниот веш пред  да дојде кај вас, па ќе и биде драго да го задржи на себе барем малку подолго.
Не постои одговор на прашањето што е добра предигра.
Важно е да бидете свесни дека секогаш треба да ја користите сопствената фантазија.
Клучот е во разновидноста! 
Како и за останатите работи во животот тоа е индивидуално од личност до личност и морате да почнете да го истражувате телото на свој

Поврзани вести