Како до гламурозна брановидна коса за помалку од минута?

За сите оние девојки кои се љубители на брановидна коса, ќе ви претставиме како за многу кратко време и со малку труд можете да имате фризура каква што сте посакувале.Најпрво, поделете ја косата во две плетенки кои треба да бидат заврзани на крајот, и тоа што подолу, тоа подобро. Потоа, една од плетенките вртете ја со раката (како на сликата) во насока од лицето спрема надвор.

 
Дури сега на ред доаѓа пеглата за коса со која треба да пројдете по косата како да се витка и се така полека до врвовите.

Истото направете го со другата плетенка, а препорачливо е постапката да ја повторите со двете плетенки уште еднаш за секој случај.
Откако косата ќе се олади од пеглањето, одврзете ги плетенките и со прстите пројдете низ нив за да и дадете облик на косата.
Најпрво, поделете ја косата во две плетенки кои треба да бидат заврзани на крајот, и тоа што подолу, тоа подобро. Потоа, една од плетенките вртете

Пронајдете не на следниве мрежи: