Доколку сакате вашата кожа секогаш да блеска морате да ја негувате во потполност, односно треба да обрнете внимание и на вашето лице и на вашето тело. Порочитајте како можете тоа да го постигнете.
1. Пилиг на телоРедовниот пилинг на кожата на телото е одлична превенција од акни, а добро е познато дека со ваквиот метод се тргаат мртвите клетки од кожата. Повеќето жени редовно прават пилинг на лицето, но доколку сакате вашата кожа во потполност да биде негувана редовно правете пилинг и на останатите делови од телото.
2. Хидрирајте го целото телоБез разлика на годишното време, редовната хидратација на целото тело е клучот до негувана и убава кожа. Советот е веднаш по туширањето да нанесете крема, бидејќи така ке го одржите нивото на хидратација на вашата кожа.
3. Избегнувајте често да ги менувате козметичките препаратиМожеби ви е интересно и примамливо понекогаш да пробате нов шампон, балсам, гел за туширање и нови креми за лице како и за тело. Сепак тоа не треба да се прави многу често, освен ако пронајдете препарати кои одговараат на вашиот тип на кожа и коса. Честата промена на козметичките препарати може да предизвика само контра ефект.
4. Користете креми против брчки на целото телоКремите против брчки воглавно се користат за нега на лицето, но изгледа сите забораваме дека кожата старее на целото тело.
5. Избегнувајте долги туширања со топла вода Сите ние сакаме да се опуштиме со топол туш, но топлата вода ја суши кожата и ги шири порите. Освен тоа топлата вода го намалува лачењето на природните масла кои се задолжени за хидратација на вашата кожа. Најдобро е ако можете најизменично да се туширате со млаз млака, па потоа млаз поладена вода. Ова ја подобрува циркулацијата и прави вашата кожа да биде затегната и негувана.Доколку сакате вашата кожа секогаш да блеска морате да ја негувате во потполност, односно треба да обрнете внимание и