Како до подолг живот на батеријата

Иако производителите вградуваат се поголеми батерии и ни ветуваат оптимизација на своите процесори во мобилните телефони – овој проблем не мачи уште од самиот почеток. Да погледнеме како може да го максимизираме животниот век на батеријата…Брзи совети
Светлината на екранот – звучи очигледно, но колку е екранот посветол, толку побрзо ќе се троши вашата батерија. Во најголемиот број на случаи, екранот троши најмногу батерија. Заборавете на Wi-Fi и 3G конекции и намалете го brightness-от!
Проверете ја вашата мобилна мрежа. Доколку сигналот е слаб, тогаш дополнително се троши батеријата. Избегнувајте 3G конекција на планина или други места каде што знаете дека телефонот има послаб прием на мрежата.
Bluetooth – секогаш изгасете го кога не го користите. Можеби нема толку голем импакт како 3G конекцијата, но секоја мала работа значи!

Некогаш, проблем се самите апликации
Одредени апликации знаат да ја „цедат“ вашата батерија. На Android телефоните, можете да го проверите ова преку Settings > General > Battery. Одредени апликации како Google+ и Skype се озогласени трошачи на батеријата.
Сменете ја вашата позадина – поставете некоја во која доминира црната боја. AMOLED екраните на Samsung трошат многу повеќе батерија кога прикажуваат бела и други светли бои. 
Повеќе на GSM
 Брзи совети
Светлината на екранот – звучи очигледно, но колку е екранот посветол, толку побрзо ќе се трош

Пронајдете не на следниве мрежи: