Која девојка не би посакала да има долги нозе и совршен тен како убавиците кои можеме да ги проследиме во престижните магазини.
Но факт е дека поголемиот дел од жените имаат проблеми околу тоа да стигнат до посакуваните нозе. Некои се соочуваат со проблеми од типот – целулит, проширени вени, други со капилари, стрии и разни други непријатности.
Еве неколку совети кои би ви помогнале да ги решите проблемите со кои најчесто се соочувате.
Ослободете се од стриите со крема за самопотемнување
Проблемот со стриите би можеле да го решите со нанесување крема за самопотемнување. Ваквата крема нанесете ја рамномрно на целото тело, а доколку имате подлабоки стрии тогаш можете со стапче за уши да додадете уште еден слој од кремата.
Доколку сте почетничка кога се работи за кремите на потемнување, подобро е да одберете хидрадантен лосион или млеко за тело кои во себе содржат средство за самопотемнување, бидејки таквите производи имаат помал ефект на потемнување, со што не би имале проблеми од типот да ја нанесете кремата погрешно.
Со жолт коректор во борбата против капилари и вени
Жолтиот коректор е задолжителен во борбата против капиларите и вените на нозете. Жолтата боја го неутрализира црвенилото.
Намачкајте ги нозете со хидратантен лосион и почекајте тој да се исуши. Потоа со прстите натапкајте го на местата каде капиларите и вените најмногу ви се познаваат. Постојат и посебни „cover sticks“ кои се наменети само за нозе, во кој доколку вложите нема да згрешите.
Но внимавајте, ако носите бела облека, овој трик не го практикувајте.
Која девојка не би посакала да има долги нозе и совршен тен како убавиците кои можеме да ги проследиме во престижните