Пред самото уредување, уверете се дека вашите нокти се здрави. Доколку се лупат и пукаат, не нанесувајте лак, туку намачкајте ги со хранливи креми и причекајте да заздрават.
При маникирот тежнете кон тоа ноктите да ви бидат во благ четвртаст или заоблен облик. Никако не ги обликувајте зашилено бидејќи на тој начин ќе пукаат. Не ги турпајте ниско до месото или од страна бидејќи така ќе ги ослабете. Секогаш турпајте ги во еден смер од крајот кон средината на ноктот.
Пред спиење можете да ги омекнете своите нокти со хранливи масла или креми. Така преку ноќта ќе примат многу хранливи состојки, нема да се лупат ниту кршат. Доколку немате специјални масла за нокти, обидете се да употребувате маслиново масло.
Однесувајте се внимателно со тврдата и обрасната кожичка околу ноктот. Маникирите предлагаат кожичката околу ноктот да не се сече со грицкалка бидејќи таа може да предизвика инфекција во лежиштето на ноктот. Намокрете ги прстите во топла вода со сапуница, па откако кожата ќе се намокри и ќе омекне, премачкајте ја со хранлива крема. Со справата за маникир стругајте ги мртвите тела околу ноктот.
Доколку имате долги и тенки прсти, одберете лак во која било боја, дури можете да употребите и темноцрвени, темносмеѓи бои, како што е бургунди. На кратките нокти најдобро изгледаат светли бои или беж боја. Ваквите светли бои им доликуваат и на прстите со широки нокти. На краевите оставете малку необоено за ноктот визуелно да ви се стесни.
Доколку јаките бои ви се чинат претемни за рацете, со тие нијанси обојте ги ноктите на нозете. Летното време е идеално за да ги облечете своите нови отворени чевли и да ги покажете добро уредените нокти со убава боја. Доколку имате лак со корален или седефаст модел, имајте на ум дека таквите лакови подобро изгледаат на темна кожа.При маникирот тежнете кон тоа ноктите да ви бидат во благ четвртаст или заоблен облик. Никако не ги обликувајте зашилено бидејќи на тој начин ќе пу



