Времето неопходно за отстојување на младата ракија е од 60 до 90 денови. Многумина се определуваат за намалување на нејзината јачина (со медицински дестилирана вода) од вообичаените 65 до 70 отсто на посакуваната јачина од 40 до 50 отсто алкохол. Освен посакуваниот вкус, мирис и други квалитетни особини на ракијата до израз доаѓаат и извесни недостатоци што мора да се отстранат.Чудесните дабови стапчиња: Наместо дабовото буре може да се користат отстоени, суви дабови стапчиња што треба да се стават во стаклени или прохромски садови. Но, за пократко созревање на ракијата треба да се примени посложена хемиска постапка. Припремените дабови стапчиња најпрво се потопуваат во 0.5% раствор од натриум-хидроксид на температура од 25 степени целзиусови да отстојат 3 дена, а по три дена во раствор од калиум-перманган. Стапчињата потоа треба да се запалат, бидејќи понатамошното натопување во хиперманган на температура од 25 степени целзиусови го забрзува процесот на стареење на ракијата пет до шест месеци.
Суви сливи за експресно зреење: За забрзано зреење производителите користат суви сливи. Со нивното наизменично ладење во замрзнувачот и загревање во микробранова пелка, за девет до дванаесет часа се добива сок што и дава на ракијата убава боја и карактеристичен мирис.
„Валање“ на ракијата: Има уште еден испробан метод за забрзано стареење на ракијата. На добрата, ароматична и обоена стара ракија треба да и се додаде иста количина на нова. Потоа, бурето се врти за подобро да се измеша. Ракијата се остава да одлежи неколку недели на топло, а за ова е идеален таванот во летните периоди. На ист начин, само во стаклени или во прохромски садови, се мешаат и оставаат да одлежат и „белите“ ракии.Чудесните дабови стапчиња: Наместо дабовото буре може да се користат отстоени, суви дабови стапчиња што треба да се стават во стаклени или прохромс