Како еден маж преживеа напад од 1000 пчели убијци

Општински работник кој во чевртокот беше нападнат од 1000 пчели додека ја косел тревата во еден парк, е во стабилна состојба. Како успеал да го преживее овој страшен напад?Напаѓачите, веројатно африкански пчели, според локалното одделение за пожар, не се толку смртоносни колку што нивното име можеби сугерира. За да бидат смртоносни, пчелите веројатно требало да го избодат човекот најмалку уште сто пати, велат експертите. Исто така жртвата не била алергична на пчели. Африкански пчели, или „пчели убијци“, ги има во Америка уште од 1990-та година, според Меј Бернбаум, главена на одделението за етимологија на Универзитетот во Илиноис. Но, и покрај нивното драматично име, овие инсекти не се толку смртоносни.„Се проценува дека годишно најмалку 40 луѓе умираат од убоди на видот на ципокрилици. Оваа група инсекти вклучува 150.000 видови пчели, оси, мравки и други бубачки“, вели Бернбаум.

Жестоки бранителиИако африканските пчели не напаѓаат секогаш, но кога напаѓаат, резултатите можат да бидат каастрофални. Додека жртвата од нападот во четвртокот го преживеа нападот, не сите жртви на овие инсекти ја имале истата среќа.Минатата година во Тексас, 40,000 Африкански пчели нападнале еден фармер. Лери Годвин (62) примил повеќе од 3,000 убоди пред да падне на земја. Умрел на местото на несреќата.Африканските пчели се исклучително заштитнички настроени кон нивната кошница и територија, многу повеќе за разлика од Европските пчели. Нивниот „домашен терен“ е многу поголем за разлика на оној на Европските пчели. Оклу 100 метри е безбедно растојание од овие пчели.Алергични на пчели или не, секој кој ќе налета на рој на овие инсекти треба да „бега“, и не цик цак, туку само право. Исто така не се прпорачува жртвата да се крие во вода, бидејќи пчелите ќе чекаат жртвата да излезе, советува Бернбаум.
 Напаѓачите, веројатно африкански пчели, според локалното одделение за пожар, не се толку смртоносни колку што нивното име можеби сугерира. За да би

Пронајдете не на следниве мрежи: