Ако некого во Германија во 2010 година би го прашале што мисли за тогашниот голман на Шалке, веројатно би ви одговорил дека никогаш не би го достигнал денешното ниво.„Единицата“ на германската селекција во неделата се качи на врвот на светот со својата селекција, во која не ја имаше улогата само да го заштити својот гол, туку и активно да учествува во играта.
До пред четири години ситуацијата беше малку поинаква. Меѓутоа, тогаш животот донел чудни околности. Имено, во ноември 2009 година, се случи трагедија во германскиот и светски фудбал, бидејќи тогашниот голман Роберт Енке, извршил самоубиство фрлајќи се под воз бидејќи се соочувал со депресија. Тоа бил трагичен момент кој имал позитивно влијание врз кариерата на Ноер.
Неколку месеци пред стартот на Светското првенство во Африка, друг германски голман (Рене Адлер) се здобил со тешка повреда на ребрата во еден натпревар од Бундеслигата, која го отпишала од списокот за патници за Јужна Африка, но истовремено го промовирала Ноер во прв чувар на мрежата на репрезентацијата.
Оваа прилика тој никако не смеел да ја пропушти. Тој ја зграпчил својата шанса и никако не смеел да ја пропушти. Неговите одбрани до лудило ги доведувале противничките напаѓачи, но она што најмногу ги воодушевило голманските стручњаци е неговата игра во полето, каде што практично ја имал улогата на трет центархалф и акциите поаѓале од него. Тој умеел да им асистира на напаѓачите за погодок, што го има направено во средбата против Англија кога од својот шеснаесетник му дофрлил топка на Клосе за првиот гол.
Следната година се преселил во Баерн за 22 милиони евра, што е вториот најскап голмански трансфер во историјата, веднаш зад Џиџи Буфон.
Во 2013 година, успеал со Баварците да го освои националното првенство, Лигата на шампионите, Купот на Германија, Суперкупот на Европа и Светското првенство за клубови, додека на индивидуален план досега успеал да освои признание за најдобар голман во Германија, потоа за најдобар фудбалер, наградата на ФИФА за најдобар голман и сега „Златната ракавица“ за најдобар голман на Мундијалот.„Единицата“ на германската селекција во неделата се качи на врвот на светот со својата селекција, во која не ја имаше улогата само да г



