Како емоциите влијаат на вашиот изглед?

Кога некој ќе ни каже дека изгледаме добро, тоа е скоро секогаш во моментите кога се чувствуваме добро. По правило, луѓето кои се среќни изгледаат и се чувствуваат помладо од своите врсници кои се под хроничен стрес, лути или тажни.Секако, никој не е во во една одредена емоционална состојба подолго време и ретки се оние кои своите емоции совршено ги балансираат во толкава мера да бидат константно добро расположени. Но, повеќе време би требало да бидете добро расположени, без оглед на животната ситуација во која се наоѓате.
Истражувањата покажуваат дека емоциите и експресиите на лицата се тесно поврзани. Баш поради тоа нашите расположенија многу брзо се препознаваат на нашето лице. Да започнеме само со анатомијата на самото лице: мускулите на лицето се поврзани со кожата како би можеле да јадеме, да зборуваме, да ги отвараме и затвораме очите, но и да покажуваме емоции.
Одредена експресија на лицето може понекогаш да предизвика емоција која ќе делува толку стварно како да сте ја доживеале таа емоција пред да сте ја направеле таа експресија. Тоа значи дека само со едноставен чин можете да влијаете на своето расположение. Пробајте сега да се насмеете. Не се чувствувате ли барем малку посреќни?
Луѓето се потпираат на верувањето кое тврди дека кого добро изгледате, добро и се чувствувате, затоа што сметаат дека тоа води пропаганда како секогаш треба да изгледаме добро. Нашата кожа и нашиот изглед значајно влијаат на емоциите. Поголем дел од времето негативните емоции допуштате да ве понесат толку далеку да потајно делуваат и на вашиот изглед и ве прават постари. Негативните емоции се чест предизвикувач на знаците на предвременото стареење.
Емоциите потребно е да се покажуваат затоа што кога ги воздржувате емоциите исто така се познаваат на лицето. Кога ги потиснувате емоциите доаѓа до шкрипење на забите и стискање на вилицата. Тоа може да предизвика истакнување на мускулите на вилицата и поради тоа изгледате постари. Истражувањата покажуваат дека личностите кои ги потиснуваат емоциите, по правило изгледаат до 5 години постари од своите врсници кои ги покажуваат емоциите.
Ако ги потиснувате емоциите најверојатно се и намуртувате. Тоа може да предизвика тајни брчки помеѓу очите и тоа многу рано, во дваесетите. Во козметичката и естетската индустрија најчесто се прават третмани кои помагаат да се смали видливоста на брчките помеѓу очите. За да го намалите ризикот од настанување на брчките помеѓу очите, треба да се научите да се опуштите.Секако, никој не е во во една одредена емоционална состојба подолго време и ретки се оние кои своите емоции совршено ги балансираат во толкава мера

Пронајдете не на следниве мрежи: