Како хороскопските знаци најлесно можат да стигнат до заработка, односно кој знае да управува со парите а кој не, прочитајте во поврзаноста на парите со хороскопските знаци.Овен
Тие се неуморни работници, генијалци се за започување бизнис од секаков вид. Често влегуваат и во ризични бизниси и вложуваат голема сума пари, и покрај тоа што не се сигурни во добивката. Во момент донесува големи одлуки. Неговото мото е-кој не ризикува не добива. Ако бизнисот појде во надолна линија, способен е повторно се да врати во нормала и повторно да профитира. Не сака кога неговите пари се некаде на сигурно, односно неактивни, со задоволство ги употребува да направи многу повеќе од нив. Не е склон кон штедење, знае да троши но и да ги почести своите пријатели. Парите ги доживувава како средство со кое развива нови деловни идеи.
Бик
Биковите се упорни, темелни но и малку себични кога се во прашање парите. Имаат потреба во животот да поседуваат нешто. Како и себе така и луѓето ги рангираат врз основа на она што го поседуваат. Склони се кон задржување на парите, немаат граница при желбата за акумулирање на парите. Иако, се способни, посебно за работата со недвижнини, тешко да се осудат да вложат во нешто. Кога ќе проработи нивната хедонистичка црта, тие многу трошат главно на работи поврзани со уживање. Но и тогаш тие внимателно мерат и знаат со колку парични средства располагаат. Доколку сте им должни, никогаш нема да го заборават вашиот долг. Со задоволство ќе ве потсетат на него. А тие самите ретко позајмуваат пари од други.
Близнаци
Ако постои пример за поговорката „ Да даде Господ да имаш, па да немаш “ тогаш типичен пример се Близнаците. Вечниот драматичар во хороскопот малку има, па малку нема пари, а тоа премногу го вознемирува. Парите како им доаѓаат така и си одат, па потоа пак од некаде ќе им дојде нова сума пари, па ќе ја потрошат и така до недоглед. Не се склони кон штедење, но способни се да ги вртат парите. Склони се кон коцкање и сите други врсти на ризик кога се во прашање пари, но и кон позајмување. Тоа е затоа што парите не ги сфаќааат сериозно, па немаат страв. Гледано од позитивната страна способни се брзо да направат големо богатсво, но од негативен аспект може веднаш и да го потрошат истото.
Рак
Раковите внимателно управуваат со парите. Со задоволство би ги заштедиле. Поради својата сочувствителна природа им помагаат на другите односно им позајмуват пари. Но ако бидат изневерени поради совршената меморија никогаш нема да заборават кој ги изневерил, па затоа следниот пат поинаку ќе се однесуваат спрема него. Со преданост кон работата можат да се стекнат со многу имот. Не се склони кон ризици, иако многу фантазираат и имаат одлични идеи како да заработат брзо. Но кога ќе дојде на ред реализацијата сепак стојат цврсто на земја и склони се кон сигурност. Па така по редовен пат доаѓаат до приходи.
Лав
Сакаат да се покажуваат и докажуваат. Затоа се склони кон трошење и често трошат на скапи и гламурозни работи како злато, скапоцени предмети, се најдобро но и најскапо. Одлични организатори се, а поседуваат и наклонетост кон ризици. Се впуштаат во сите врсти на ризик. Па често заработуваат многу пари, но и многу трошат. Не им претставува проблем да им позајмат пари на други- така успеваат да се направат важни, но самите тие ретко позајмуваат бидејќи се премногу горделиви. Ако имаат некои лоши аспекти во индивидуалниот хороскоп, често можат да станаат и големи измамници.
Девица
Како и природата на овој знак односно собирање на плодовите ( на крајот од летото), така и неговите припадници имаат сличен однос кон парите. Штедливи се, внимателно управуваат со нив, детално планираат на што ќе ги потрошат парите. За нив важи поговорката „ Зрно по зрно-погача, камен по камен- палата “. На тој начин во текот на својот живот собираат голема количина на пари. Најпрво ги чуваат а потоа вложуваат во нешто корисно. Ако некој најмногу штеди во зодијакот, тогаш тоа е Девицата.
Вага
Во животот најважно им е да одржат рамнотежа, па тоа се однесува и на парите. Соработуваат со другите, па често на тој начин доаѓаат до приходи. Вагата сака да троши на убави работи- како накит, убава облека, се што е поврзано со уметноста и воопшто се што е убаво. Под услов да постави граници, но и да ја најде златната средина за себе, често ја прати среќата и ги спојува убавото со корисното- така успева да заработи но и да потроши точно толку колку што им одговара, па затоа мудро ужива во животот.
Шкорпија
Експерт за банкарство, често имаат добра интуиција и затоа се успешни на берзите, знаат кога и каде да вложат. На тој начин може да стекне големо богатсво. Кога ризикува и вложува, често тоа го прави со туѓи пари. Се прво добро го осмислуваат па потоа се водат од својот внатрешен глас. Не се многу склони кон трошење и често знаат да ги задржат парите. Ако на некого му позајмува пари сака да знае кога парите ќе и бидат вратени, односно преферира чисти сметки.
Стрелец
Познат коцкар, но и среќник кога се во прашање парите. Стрелецот знае и често се коцка, но доколу поседува лоши аспекти на индивидуален хороскоп може да заврши со банкрот. Но доколку поседуваат позитивни аспекти на индивидуален хороскоп може да биде личност за која парите едноставно се лепат, и се што ќе допре претвара во злато. Склони се кон уживање и многу трошат. Не им е проблем да позајмат пари на други, но и самите често позајмуваат од други, но се луѓе од доверба.
Јарец
Со позитивни индивидуални карактеристики, Јарецот е угледен богат човек, кој богатството го стекнал со својот труд и работа односно со сопствените заслуги и напори, но со негативни индивидуални карактеристики тоа е познатиот скржав Јарец. Често знаат да се спојат едното и другото па се добива богат скржав Јарец. Сепак овие луѓе се врвни професионалци во секоја работа која ја работат. Многу бараат од другите, но и многу вложуваат. Затоа како поминуваат годините може да стекнат големо богатсво. Не се склони кон ризици, преферираат сигурни и касични бизниси. Не сакаат ни да позајмуваат сами, но и да им позајмуваат на други луѓе. Бидејќи се свесни дека самите стекнале се со својот труд па го очекуваат истото и од другите.
Водолија
Боеми се во крвта, па имаат таков однос и кон парите. Денес имаат, утре немаат, и така во круг. Имаат чуден однос кон парите и имотот воопшто. Тоа се манифестира како на пример- еден ден се спремни се да дадат за своите пријатели или пак за некоја идеа, а друг ден не сакаат да вложат ни денар ако не се сигурни дека нема да имаат профит. Непредвидливи се, па такви им се и приходите. Склони се кон ризици, но само кога тие сакаат и кога на нив им одговара. Можат експресно да заработат многу пари, но исто така и да ги изгубат. Ако ја послушаат својата интуиција, која инаку е „блиц“ интуиција бидејќи им се јавува само моментално, можат лесно да се збогатат. Не знаат заштеденото да го задржат, најчесто го трошат со пријатели.
Риби
Постојат Риби кои „пливаат“ во пари, но постојат и Риби кои „пливаат“ во долгови. Приходите ги стекнуваат на најнеобични начини, но често и им бегаат „низ рака“. Парите ги гледаат како средство кое им помага да живеат , не ги сметаат како најважна работа во светот. Имаат изразена интуиција која им помага во заработката на пари. Некогаш се многу среќни луѓе на кои парите им доаѓаат лесно и без мака, но некогаш се жртви кои работат за минимална плата. Помагаат кога е потребно па затоа често позајмуваат пари на други, но ако тие се јават во улога да позајмуваат за себе знаат да бидат невнимателни при враќањето. Доколку се носители на негативни индивидуални карактеристики може да станат измамници какви што не сме виделе ни на филм.Овен
Тие се неуморни работници, генијалци се за започување бизни