Зимата е полна со убавини, но некои од нас и не ја сакаат многу. Еве како хороскопските знаци ја доживуваат зимата.Вистинските овни ќе уживаат на снежните радости
Овенот ужива во животот без разлика на температурата на воздухот и временските прилики. При остварувањето на своите замисли не можат да го сопрат ниту минусните температури, ниту снегот до колена. Санкање, борби со снежни топки и правење на снешковци се неговите омилени активности во зима. Овнот едноставно обожува снег.
Бикот најмногу ужива гледајќи ги другите на снегот
Биковите сакаат природа па кратките прошетки низ снегот рано наутро им се омилени во зима. За нив не се мавањето со снежни топки или санкањето, бидејќи повеќе сакаат да се стуткаат покрај топол камин и да пијат врел чај или топло чоколадо гледајќи низ прозорецот како останатите се забавуваат во снегот.
Близнаците сакаат сè – и снег и сонце
Близнаците се прилагодлив знак. Ним подеднакво им одговара и сончањето во лето и санкањето во зима. Романтичните прошетки и уживањето во снегот како што се санкањето или снежните борби за нив претставуваат идеално неделно попладне со семејството или пријателите.
Ракот повеќе ужива под ќебе во својот топол дом
Раковите се големи емотивци кои обожуваат да бидат во кругот на семејството за време на зимските празници. Но снежните игри не се на врвот на нивниот список за забава. Повеќе време ќе поминат пред телевизорот гледајќи стари филмови отколку надвор на снегот.
Лавот обожава да биде на снег
Лавовите како огнен знак обожуваат постојано да се во движење и меѓу луѓе. Зимските игри се како створени за нив и лавовите ќе ги најдете надвор веднаш откако ќе паднат првите снегулки. Борбите со снежни топки, санкањето, правењето на снешковци со своите пријатели и соседи за нив се идеален зимски одмор.
Девицата не го поднесува снегот
За сериозните и педантни девици снегот не претставува ниту возбудување ниту радост. Тие не ја гледаат убавата страна на снегот туку се фокусираат на чистењето кое ги очекува. Зимата е најомразеното време на девиците. Тие ќе уживаат само во празничните колачиња покрај топлиот оган.
Вагата ужива на снег
Организираната вага секогаш подготвено ќе ја дочека зимата. Топлите капи, ракавиците, јакните и чизмите подготвено ги чекаат првите снегулки. Вагата ќе ужива на снегот. Шетање, свеж воздух и варено вино за нив претставуваат најголема радост.
Скијањето е омилена активност на скорпиите
Скорпиите уживаат во зимата. Нивната љубопитност ќе излезе на површина кога ќе се упатат низ улиците кои не се исчистени од снег и кога ќе ги повикаат своите пријатели на снежна тепачка. Тие ги обожуваат зимските спортови и секогаш со задоволство ќе заминат на скијање.
Стрелецот со нетрпение го очекува снегот
Зимата го буди детето во стрелците. Штом падне првиот снег тие веќе се надвор подготвени за правење снежни топки или ја влечкаат санката. Своите пријатели, но и семејството ќе ги убедуваат по секоја цена да излезат надвор на снегот. Зимата е нивното омилено годишно време.
Во зима јарецот фантазира за егзотични места
Иако Јарецот е вистински зимски знак, снежните радости не го веселат. Тој повеќе би сакал да го помине денот во својот топол дом на тросед покрај телевизорот со добра храна или пак да побегне на некое егзотично место каде ќе може да ужива во високите температури и сонцето. Снегот ќе го набљудува само низ прозорец.
Водолиите уживаат да разменуваат снежни топки со блиските
Водолиите се еден од оние знаци кои го обожуваат снегот и сè поврзано со него. Тие уживаат во свежиот воздух, недопрената природа и снегот и ќе се обидат својата фамилија, но и пријателите да ги повикаат на заедничко уживање во снегот, цел ден.
Кога ќе падне снег рибите ќе го преспијат целиот ден
Рибите сакаат снег, но не поради снежните активности, туку заради тоа што можат да го преспијат целиот ден. Тие ќе уживаат во зимските пејзажи, но само од топлата и удобна фотелја. Освен спиењето, рибите навистина уживаат и во новогодишното гледање филмови со семејството, како и во разните колачиња.Вистинските овни ќе уживаат на снежните радости
Овенот ужива во животот без разлика на температурата на воздухот и временс