Како и кога да му кажете на својот шеф „НЕ“

Loading...

 
Дали сте од оние вработени кај кои зборот „НЕ“ не постои?
Ако сте, тогаш сигурно сте затрупан/а од работа, но затоа пак сте познат/а како личност на која шефовите и колегите можат да се потпрат. Меѓутоа заради честото „да“ можете да дојдете во ситуација да морате да направите се за својата кариера и по цена истото да наштетува на вашиот приватен живот.
 Еве неколку совети како безопасно да му кажете НЕ на вашиот шеф:
Изберете внимателно ситуација
Ако во канцеларијата има напната и стресна атмосфера, тогаш секако дека не е време за зборот „не“. Меѓутоа во стабилни ситуации вашето одбивање нема толку да одекне, поготово ако сте опкружени со луѓе кои се во можност да ја извршат шефовската работа.
Научете како да речете „не“ а да не изговорете ни збор
Можеби шефот заборавил на останатите обврски кои ви ги дал. Наместо да кажете дека не можете да ја извршите работата, кажете му „гледам дека тој проект е важен. Можеме ли да издвоиме неколку минути за да го одредиме приоритетот на работата? Сакам да бидам сигурен/а дека сум фокусиран/а на вистинските работи“.

Предложете алтернативно решение
Можеби немате доволно време за нова задача, но можете да издвоите време за работа на дел од проектот.

„Удрете со раката на масата“ ако имате вистинска причина за тоа
Ако имате неодложливи семејни или друштвени обврски (свадба, крштевка, промоција…), а новиот проект би ги пореметил вашите планови, можеби можете да му појасните на вашиот шеф дека не сте во можност да ја завршите работата. Не го користете изразот „НЕ“, внимателно избирајте ги зборовите и изразете спремност дека ќе помогнете во секоја друга ситуација.Еве неколку совети како безопасно да му кажете НЕ на вашиот шеф:
Изберете внимателно ситуација
Ако во канцеларијат

loading...
Loading...