Како и секоја вечер, нејзиниот син отишол на спиење, но следното утро…

Ожалостената мајка раскажала како нејзиниот син починал во својата спална соба три дена по Божиќ, а само неколку седмици откако ја добил работата од соништата. Таа сега сака да предупреди на смртоносниот синдром..Шеила Вилсон (37) била толку горда на својот син Џон (18) кога добил работа како професионален испитувч на онлајни игри. На 27 декември 2011 таа му посакала добра ноќ, додека тој одел во својата соба. Но наутро, 11- годишнта сестра Кејтлин го пронашла Џон на подот. Иакао била повикана брза помош, не успеале да го спасат тинејџерот. Обдукцијата покажала дека Џон починал од синдром на ненадејна смрт, познат и како САДС, кој е предизвикан од некоја болест на срцето. Сега три години подоцна, мајката говори за својата загуба.„Имавме убав семеен Божиќ и славевме што Џон ја доби работата која толку ја посакуваше. Беше околу полноќ кога Џон рече добра ноќ и дека ќе работи“, раскажува мајката.“Следното утро не слезе на појадок, па ја пратив Кејтлин да го викне. Се врати и рече дека нешто не е во ред со Џон. Истрчав кај него и го најдов на подот. Неговите слушалки се уште му беа на ушите. Се изгледаше како успорена снимка, знаев дека го изгубив. Целиот мој свет се распадна тој ден.
Синдром на ненадејна смрт е термин кој се користи за опишување различни причини на застој на срцето кои се јавуваат во будна состојба, во сон или при вежбање. Во моментот кога реков 'добра ноќ', не мислев дека за последен пат ќе го видам синот жив. Ми рекоа дека Џон починал од синдром на ненадејна смрт кај возрасни, а јас не знаев што е тоа.Немаше никакви знаци за преупреување, немаше здравствени проблеми. Секогаш се грижеше за здравјето, не пушеше и не пиеше. не разбирам како некој толку млад може така одеднаш да замине. Постои потреба повеќе да се истражи овој синдром, како и да се подигне свеста за семјставата како моето подобро да реагираат.Истражувањата покажале дека за само две години во Велика Британија починале 500 луѓе од овој синдром, а повеќето биле млади луѓе. Секогаш ги погодува здравите луѓе кои немале никакви симптоми.Шеила Вилсон (37) била толку горда на својот син Џон (18) кога добил работа како професионален испитувч на онлајни игри. На 27 декември 2011 таа му

Пронајдете не на следниве мрежи: