Кај 40 отсто од паровите на кои не им успева да зачнат бебе, проблемот е кај мажите. Во поедини случаи во прашање е некое сериозно заболување, но најчесто до намалување на плодноста доаѓа поради лошите навики.Неплодноста би можела да се дефинира како неможност, немоќност да се зачне за време на редовните незаштитени односи во траење од најмалку една година. Неплодноста е сериозен и зачестен проблем, што го погодува секој седми пар. Во 40 отсто од случаите проблемот е кај мажите.
Постојат неколку причини за неплодност
ОАТ ( oligo-ASTEN-terato-zoospermia) е синдром кој се дијагностицира со премал број, односно намалена проектилност и абнормален изглед на спермата. Постојат повеќе причини за ваквите проблеми:
– Проширени вени во тестисите. – Повреда на тестиси – Прележани заушки во детството – Неспуштени тестиси кои не се навремено корегирани – Лечење со хемотерапија – Дијабетес – Недостаток на семеноводи – Проблеми со импотенција-ерекција-еакулација – Консумирање на дрога
Главна причина за неплодност кај мажите е неможноста за формирање сперматозоиди или неможност да се создадат добри сперматозоиди. Понекогаш е тешко да се дијагностицира овој проблем. Се случува луѓе со низок број на сперматозоиди сепак да имаат деца, додека пак некои мажи со нормален број на сперматозоиди да не можат да имаат деца.
Она што е важно не е нивниот број туку дали се во состојба да ја оплодат јаце клетката. Важно е да се напомене дека иако е потребен еден сперматозоид да оплоди јајце клетка, потребни се и ензими од другите сперматозоиди кои помагаат во оплодувањето.
Проблеми со ејакулација и еректилна дисфункција
Сексуални проблеми се главна причина за проблемите со плодноста кај околу 5 проценти од паровите. До ова може да дојде поради:
– Еректилна дисфункција (неможност да се одржи ерекција доволно за сексуален однос)
– Предвремена ејакулација
– Неуспешна ејакулација
– Хормонални проблеми
За лекување на неплодноста кај мажите, постојат ефикасни методи:
Првиот чекор е спермограм, односно анализа на семената течност на мажот. Станува збор за рутинска контрола и прв чекор во испитување на плодноста кај машкиот партнер кој е во брак без деца. Со таа информација лекарот кој го води парот, или само мажот, го добива првиот увид и основа за набљудување на случајот.
После неколку години истражување и статистики од целиот свет, Светската здравствена организација дефинираше граница на уреден спермограм. Таа изнесува 20.000.000 сперматозоиди/мл од кои најмалку 40 отсто прогресивно се движат и повеќе од 30 отсто имаат точен морфолошки изглед.
Со развојот на техниката за вештичко оплодување овозможено е оплодување на јајце клетката и во случаи со минимален број на сперматозоиди. Неплодноста би можела да се дефинира како неможност, немоќност да се зачне за време на редовните незаштитени односи во траење од најмалку една годи



