Како и зошто го изгубивме „Прохор Пчински“?

ОДЛУКА
За утврдување на објектите на аграрна реформа и имотите на манастирот Св.Прохор Пчињски и во Старац, Прешевска околија.Врз основа на рефератот на Месниот народен одбор во Спанчевац за прешевскиот бр 133/46 од 24 јануари 1946 година, на Месниот народен одор Клиновац прешевска околија бр.150/46 од 31 јануари 1946 година на Месниот народен одбор Тибуџа-Врањска околија бр.317/46 од 8 февруари 1946 година, на Месниот надроден одбор Кленик, Прешевска околија бр. 170/46 од 2 јануари 1946 година за правната и фактичката состојба на имотите и записниците, за одржаните расправи на собирот на месните аграрни интересенти во Спанчевац на 24 јануари 1946 година, во Тибуџа на 13 февруари 1946 година, и член 12/II од Законот за аграрна реформа и внатрешна колонизација и со толкувањето на Президиумот на Народното собрание на ФНР од 16 февруари 1946 година донесувам
ОДЛУКА
За утврдување на објектите на аграрна реформа и имотите на манастирот Св.Прохор Пчињски и во Старац, Прешевска околија.
1.Имотите на манастирот Св.Прохор Пчињски паѓаат под удар на аграрната реформа врз основа на чл.3 точ.3 од Законот за аграрна реформа и за внатрешна колонизација.
2.Врз основа на член 3 точка 3 од Законот за аграрна реформа и внатрешна колонизација, манастирот Св.Прохор Пчињски се прогласува како манастир од поголемо историско значење и како таков му се остава на име максимум 24 хектари, 15 ари и 00 кв. метри обработливо земјиште и 30 ектари шума.
3. Во НР Србија на манастирот му се става следното земјиште, во К. О Спанчевац и во Старац според рефератот бр.133 и на Месниот народен одбор во Спанчевац.
Оваа одлука се доставува до: Манастирот Св.Прохор Пчињски, на Месниот народен одбор во Спанчевац, Прешевска околија, Прешево; Месниот народен одбор на Кленик, Прешевска околија, Прешево; Месниот народен одбор на Клиновац, Прешевска околија, Прешево; Месниот народен одбор во Врање; Окружниот народен одбор во Бујановац; Окружниот народен одбор во Врање; Околискиот народен суд во Прешево; Околискиот народен суд во Врање; до Министерството за земјоделство и шумарство – одделение за аграрна реформа на Народна Република Македонија – Скопје; од Отсекот за евиденција и статистика на ова Министерство, а одлуката ја потпишаа помошник министерот инж. Бран Милосављевиќ, с.р.
Како што се гледа од содржината на Одлуката, со оваа одлука на Министерството за аграрна реформа и колонизација на НР Србија биле запознаени Аграрниот суд од Скопје и Министерството за земјоделие и шумарство – одделение за аграрна реформа на НР Македонија во Скопје, што значи дека за паѓањето на Манастирот Пчињски „под непосредна власт на српската држава била запознаена македонската влада. Нема ниту еден документ од тоа време во смисла на реагирање со протест на македонската влада за донесувањето на ваквата одлука од страна на српската влада, а која, како што може да се види, се применила на македонската територија и врз посебно значаен македонски манастир.
По се изгледа владата бида зафатена како со градење и обнова на македонската држава, така и со најлошиот синдром на власта, а тоа е борбата за превласт. Не само што манастирот бил симбол на македонскиот народ со значење на државната престолнина, туку тој за македонските верници бил деветвековно светилиште.
Инаку, Одлуката е донесена од Министерството за аграрна реформа и колонизација на НР Србија, број 1095546, на 21 мај 1946 година, Белград.
Врз основа на рефератот на Месниот народен одбор во Спанчевац за прешевскиот бр 133/46 од 24 јануари 1946 година, на Месниот народен одор Клиновац

Пронајдете не на следниве мрежи: