четврток, 12 ноември 2026
Најново

Како изгледа Гренфел тауер по ужасниот пожар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бројот на загинати во пожарот во лондонската висококатница Гренфел тауер се искачи на 17, а британските медиуми објавија видео од внатрешноста на зградата.Голем број се водат за исчезнати, а првиот човек на противпожарната служба најави дека заради безбедносни причини, пребарувањата на зградата ќе траат со недели.
Шефот на лондонската полиција Стујарт Канди изјави дека се очекува бројот на загинанти да се зголеми.
– Триесет и седум луѓе се уште се во болница од кои 17 се во критична состојба, изјави Канди. Тој не одговори за причините за брозото ширење на пожарот кои според дел од жителите и експерти, можно е да било поради ниско квалитетни гардежни материјали при обновата.
– Наш приоритет е идентификација и лоцирање на тие што се водат како исчезнати, изјави Канди додавајќи дека прашањата за безбедноста на зградата ќе се разгледуваат за време на истрагата за причините за пожарот.
Пожарната служба соопшти дека кај објектот има 60 пожарникари и осуммина инженери, ескперти за справување со последици од пожари.

Голем број се водат за исчезнати, а првиот човек на противпожарната служба најави дека заради безбедносни причини, пребарувањата на зградата ќе тра

Поврзани вести