Како изгледа неверен маж ?

Дали може мажите кои се склони кон неверство да ги познаете на прв поглед? Според едно истражување, потребно е жените само добро да ги погледнат мажите и ќе знаат дали тој е склон кон неверства или не. За разлика од мажите, жените се способни да разоткријат неверен маж дури и преку слика. Во продолжение, прочитејте што е карактеристично за неверните мажи.
Тој е висок                                          
Ниските мажи поретко паѓаат во искушение да извршат неверство.
Одалеченост помеѓу очите
Мажите се разликуваат и според очите. Што поголема одалеченост имаат помеѓу очите, толку поголеми се шансите за неверство. Па, најсигурен избор се мажите со мала одалеченост на очите.
Има густи веѓи
Мажите што имаат ретки веѓи имаат помали сексуални желби. Додека, мажите со густи веѓи се мажи со нагласена сексуалност.
Изразен нос
За овој тип на мажи, истотака важи дека имаат нагласена сексуалност и се склони кон изневерување.
Мускулесто тело
Мажите што многу време поминуваат во теретана за да изгледаат привлечно,  се склони кон неверство.
Префериираат стајлинг како Hugh Grant
Вообичаено мажите што имаат кратка коса од страните, а подолга во предниот дел, често се себични и егоистични, па затоа се склони кон неверства. Тие воопшто не се грижат за потребите на партнерката.
Конзумираат многу алкохол
И покрај тоа што оваа карактеристика не е поврзана со нивниот надворешен изглед, сепак тоа е еден од знаците за неверен маж. Дури 82 проценти од мажите кои многу пијат се склони кон неверство. Имено, може да се додаде дека ова важи и за мажите кои конзумираат кафе, колку повеќе се склони кон кофеин толку повеќе се склони и кон неверство.
Имаат квадратен облик на лице
Овален облик на лице поседуваат мажи за кои на прво место е семејството, па мала е шансата овој тип на мажи да ве изневери. Додека спротивни карактеристики имаат мажите со квадратен облик на лице.
Што ако вашиот партнер изгледа баш вака ?
Не ја прекинувајте веднаш вашата врска, но, сепак држете го на око. Оставете простор да го проверите својот партнер, можеби сепак станува збор за исклучок. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: