Како изгледаат фазите од љубовната врска гледани низ мобилниот телефон?

Во времето на интернетот, вашиот мобилен знае повеќе за развојот на вашата љубов од вас двајцата, кои на почетокот немате поим.Во времето на дигитална љубов, мобилниот на вашиот фраер знае повеќе за вашиот љубовен статус од неговиот најдобар пријател.
Откријте во која фаза од дигиталната интимност е момчето кое ви се допаѓа.
1. Фаза: Го зачувал во именикот вашето име + детаљ
Пример: „Одлична журка“ или „Марија – црвенокоса“. Било каква комбинација на името и детаљ покажува дека штотуку сте се запознале и дека не го запомнил вашето презиме.
2.Фаза: Користи анимации
На почетокот анимациите ги потполнуваат празнините во текстот. Се уште не е сигурен  во ситуацијата, а ни во себе за да комуницира со вас со помош на слатки сликички. А кога ќе дојде до тоа би сакал со пораката да каже: „Ми се допаѓаш“.

3.Фаза: Ви праќа календарски покани
Во оваа фаза неговите пораки испратени доцна во ноќта се здружуваат со Outlook поканите. Ова бара организација и планирање, два збора кои тешко се врзуваат со попатен секс. Доколку ве бележи во својот календар, внимавајте,работата станува прилично сериозна.
4. Фаза: Разговорите ги префрлате на Facetime
Мажите не сакаат долги разговори по телефон. Доколку ве бара преку Facetime, вашата врска станува голема работа. Значи, не ве бара за да му помине времето кога ќе заглави во сообраќајот туку да ве слушне – и види.
5. Фаза: Вие сте половина од неговиот Фејсбук
Честитки, вие и службено сте пар! На својот профил ставил нова фотографија на која е со вас. Што значи тоа? Значи дека е ваш и е во ред тоа да го знаат сите негови пријатели, неговото семејство. Значи момчето е предано на вашата врска, јупиии!Во времето на дигитална љубов, мобилниот на вашиот фраер знае повеќе за вашиот љубовен статус од неговиот најдобар пријател.
Откријте во ко

Пронајдете не на следниве мрежи: