„Playboy“ е најпознатиот и најпродаван магзин за мажи. Се издава на повеќе од 25 јазици (меѓу кои и на македонски), а денес корпорацијата Плејбој, покрај магазин, поседува и он-лајн ТВ и радио. Но, како започна најубавата машка приказна?
Хју Хефнер, основачот на Плејбој, пишувал за магазинот „Esqure“, а бидејќи претпоставните одбиле да му дадат покачување на платата од пет долари, тој во јануари 1952 давл отказ.
За да го основа магазинот Плејбој, во 1953 година зема банкарски кредит од 600 долари, а како гаранција под хипотека го ставил сиот свој мебел. Инаку во зародишот на идејата, намерата била магазинот да се вика „Stag Party“ (ергенска забава).
Бидејќи 600 долари ни приближно не биле доволни за да ја релизира идејата, Хефнер од вкупно 45 инвеститори успева да собере 8000 долари, вклучувајќи и 1000 долари кои му ги дала мајка му („не поради тоа што верувала во неговиот потфат, туку бидејќи верувала во својот син“, изјави Хефнер во 2006 година за магазинот „Е!“) По декември 1953 година светот на мажите дефинитивно никогаш нема да биде ист.
Насловната страна на првиот број на Плејбој ја краси Мерлин Монро, а продаден е во над 50 илјади примероци. Статистиката говори дека најпродавано издание на Плејбој е она од ноември 1972 година, со продададен тираж од над 7 милиони, на чија насловна страница се наоѓа моделот Пам Равлингс.
Знаејќи која е вредноста во денешно време в рака да се држи првиот број на списанието Плејбој (особено за страсните колекционери), досетливиот Хефнер во 2007 година продаваше реплика првиот број, која беше идентична на онаа од 1953 година. Една реплика чинеше 25 долари, а излезе во тираж од 20 илјади примероци.
Фото: marilynmonroe.ca
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.„Playboy“ е најпознатиот и најпродаван магзин за мажи. Се издава на повеќе од 25 јазици (