Дали се сеќавате на изгледот на Скопскиот Народен театар пред земјотресот во 1963-тата година?
Овој театар во периодот пред земјотресот во главниот град беше вистинско културно богатство, каде што жителите на Скопје имаа обичај да одат и да уживаат во прекрасните претстави и манифестации, а потоа да уживаат во кафулињата и рестораните или да се шетаат на Корзо.
Според првичната програма на Скопскиот Народен театар се прикажувале по пет претстави, а секој вторник се одржувала премиера.
Го најдовме и ова кратко видео кое ќе ве врати во времето пред катастрофалниот земјотрес во 1963-та година и ќе ви го прикаже културниот и уметнички дух на жителите на Скопје од тој период.
Уживајте!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Дали се сеќавате на изгледот на Скопскиот Народен театар пред земјотресот во 1963-тата година?