Како Јелена Карлеуша си го „бели“ образот!

Откако и помина неуспешниот концерт, а за неа успешен во Ушче, Јелена Карлеуша се обидува на секаков начин да си го обели образот пред нејзините фанови. Денови се споредува со балканската фолк пејачка Цеца, како тоа нејзиниот концерт на Ушче бил преполн за разлика од на Цеца.

Замислете вакавата Џет сетерка се нафатила на тезга во Будва и тоа во дискотеката „Trocadero„. На ваков ли начин се обидува да си ги поврати пропаднатите пари од нејзиниот концерт кој го најави дека ќе биде хуманитарен.
Пред подготовките за нејзиниот концерт за српски медиум покажа бесрамно среден прст на Цеца дека нема да дозволи никој да и ја земе сцената, а за која сцена се прашуваме, сцената на дискотеките каде сеуште се пробиваат млади пејачи, или пак големите сцени каде пејат ѕвезди и за таквите не им е потребна некоја посебна техника освен добриот глас.

Да не го земеме пак во предвид нејзиниот стил, кој одсекогаш одскокнувал од останатите. Трудејќи се да биде уникатна, таа изгледа смешно и колку и да е скап дизјанот, изгледа доста ефтино. Па добро, каде се видело костим за капење, во хулахопки и патики?
Нејзината нескромност не прави и нас се понескромни, но и никако без коментари!

 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Откако и помина неуспешниот концерт, а за неа успешен во Ушче, Јелена Карлеуша се обидува на секаков

Пронајдете не на следниве мрежи: