Како карактерот на партнерот влијае на вашата кариера!

Судејќи според резултатие објавени во магазинот „Psychological Science”, зависи многу од карактерот на вашиот партнер дали ќе ја изгубите кариерата.Не е чудно што вашиот приватен живот се рефлектира на професионалниот, па од голема важност може да биде тоа како го поминувате утрото со партнерот  пред работа.
Истражувачите во текот на период од 5 години набљудувале 4.544 брачни парови и нивниот напредок  во кариерата, поделбата на  домашните обврски, како го поминуваат слободното време  заедно  и нивното задоволство во врската.
Учесниците, исто така, биле подложени на тест за карактерот кој е сконцентриран на пет главни особини на личностите- отвореност, совесност, соработка, екстраверзија и невротичност.
Една од нив се покажала како најсигурен показател за потенцијалниот напредок во кариерата. Се работи за совесноста бидејќи опфаќа повеќе позитивни квалитети- совесните луѓе начесто работат напорно, ги следат правилата, уредни се и организирани, одговорни и доверливи,  и способни да ги контролираат внатрешните импулси.  Тие разбираат дека  подобро ќе се чувствуваат доколку работата ја завршат веднаш, наместо да ја одложуваат.
Вработените кои имале совесен партнер заработувале повеќе и почесто добивале покачување и унапредувања, независно од  работниот статус на сопружникот. Со други зборови, личностите напредувале доколку биле во брак со совесна личност без разлика на тоа дали сопружникот работел дома или одел на работа. Полот не играл никаква улога – и мажите и жените имале подеднакво корист од доверливиот партнер.

Зошто оваа особина е толку важна?
Најлогичното објаснение  е тоа дека, доколку имате партнер на кој можете да се потпрете, да бидете значително олеснување дома- тој/таа ќе превземе одредени должности кои во спротивно  би оневозможиле потполно да се сконцентрирате на работата. Тоа ќе ве ослободи од стресот и ќе имате повеќе време, а ќе имате и прилика дел од работата да ја завршите дома, со што значително ќе го зголемите својот работен удел.
Совесните луѓе исто така најчесто ги делат обврските според своите способности и афинитети, наместо според полот.
А психолозите се согласуваат со тоа дека во бракот имаме тенденција да ги усвоиме позитивните особини на партнерот, па така и совесноста.  Доколку вашиот партнер работи напорно, големи се шансите атмосферата која ја создава да има влијание и на вас.
Конечно, времето поминато со одговорна и доверлива личност го зголемува нашето задоволство во врската, што влиае и на односот кон работата. Подобрите врски водат кон подобра работа – ќе можете во потполност да се посветите на работата, наместо постојано да се грижите за својата врска.Не е чудно што вашиот приватен живот се рефлектира на професионалниот, па од голема важност може да биде тоа како го поминувате утрото со партнерот

Пронајдете не на следниве мрежи: