Во 2010-та година американското списание “Forbes” на листата за најбогат човек во светот го стави Карлос Слим, кој го помина познатиот Бил Гејтс и од тогаш тој не се симна од првото место на листата на најбогати луѓе во светот.
Неговото богатство според “Forbes” е проценето на 535 милијарди долари, со тенденција и понатаму да растат. Се прашувате како овој човек стигна да ја носи титулата на најбогат човек во светот.
Бидејќи ова прашање му е често поставувано од многу луѓе ширум светот, тој објаснува дека со целосен труд, посветеност и работа, можете да стигнете до оваа титула. Нормално, потребна е и мала среќа, која него му се појавила во периодот кога Мексиканската влада решила да ги приватизира компаниите, па со тоа компанијата на овој милијардер станала доста профитабилна.
Карлос е сопственик на “Telmex”, компанија за телекомуникации. Кога владата на Мексико во 1990-та година, решила да воведе приватизација на компаниите, телекомуникациската компанија на Карлос го направила првиот обид да се збогати со тоа и на крај успеала.
По одреден временски период, тој се нашол под критики за начинот на неговото збогатување. Тој беше обвинет дека ги подигнал цените на телефонските повици и дека наскоро сака да купи други телекомуникациски компании и да воспостави монопол на овој пазар. Сепак, со добар ПР и лидерство, тој успеал да избегне дополнителни непријатности и да продолжи со успешната работа која го довела до врвот на листата на најбогати луѓе во светот.
Овој милијардер не го направи своето богатство со висока технологија, како многумина кои допрва се обидуваат преку новата технологија да стигнат до милионска сума на пари. Тој пред се успеа со своите лидерски способности и добриот менаџмент на својата компанија. Неговата цел не била милијардерска сума на сметка, туку светски успех и препознатливо име. Тој смета дека оние кои главна цел им е да заработат пари, можеби ќе успеат во тоа, но за кратко време ќе ги изгубат. Но, оние кои сакаат да бидат препознатливи и светски познати, тогаш парите се само плус на она што допрва следува во нивниот живот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Во 2010-та година американското списание “Forbes” на листата за најбогат човек во светот го стави Карлос Слим, кој го помина познатиот Бил Гејтс и