Facebook ги објави резултатите од својата работа во изминатиов квартал заклучно со 30.септември. Закерберг изрази задоволство од работата на социјалната мрежа, но воедно претстави план за тоа како ќе се развива Facebook во иднина.Како што пишува Business ETC, извршниот директор на Facebook плановите за социјалната мрежа ги подели на три, пет и десет години. Секој од овие временски периоди ќе биде фокусиран на посебен аспект.
„Ќе се подготвиме за иднината така што ќе инвестираме агресивно – изјави Закерберг – Силата на бизнисот во сегашноста нè става во моќна позиција за да можеме да инвестираме во иднина“.
Планирано е првите три години да бидат посветени на постоечката заедница, како на пример оние кои се рекламираат преку социјалната мрежа.
Петгодишниот план е фокусиран на Facebook Messenger, Instagram и Whatsapp, со тоа што Закерберг изрази желба преку нив во иднина да бидат поврзани милијарда корисници. Целта е Facebook да стане централна точка на сите нив, иако секоја апликација служи за поинакви намени.
Дознајте повеќе на: gsm.mkКако што пишува Business ETC, извршниот директор на Facebook плановите за социјалната мрежа ги подели на три, пет и десет години. Секој од овие вре