Како конечно да престанете да лажете?

Убаво би било кога би живееле во еден идеален свет во кој не би постоеле лаги и би ужувале во искреноста. Но, за жал лагите се дел од секојдневието.Сите лажат, тоа е факт. Но мислите ли дека би можеле нешто да промените околу тоа?
На пример да бидеме поискрени кон луѓето што ги сакаме и да го разбереме конечното значење на вистината?
Еве неколку начини кои ке ви помогнат да престанете да лажете и да бидете поискрени кон луѓето.

1.Прифатете се себеси
Бидете искрени спрема себе, не сте ни Бред Пит ни Анџелина Џоли и никогаш нема да го имате нивниот талент, пари и моќ. Но, тоа не значи дека не треба да се борите за тоа пто го сакате. Имате некоја желба? Остварете ја. Имате сон? Направете го реалност. Но, не бегајте подалеку од вистината. 
2. Почитувајте се себеси
Немате потреба да се правите нешто што не сте. Вие сте еден и единствен на овој свет, не постои сличен на вас. Се што е потребно е само да поседувате повеќе самопочитување. Вие вредите многу, треба да сте свесни за тоа!
3. Бидете свои
Некои луѓе уште од самото детство биле научени да ги кријат своите емоции во себе. Тоа е далеку од правилно. Секогаш треба да бидете свои, искажувајте ги своите емоции и чувства, не се затварајте во себе. Потиснатите емоции ви предизвикуваат само лоша состојба, а тоа е најмалку што го сакате.

4. Заштитете се себеси, и бидете поинакви од другите
Без разлика што живееме во општество каде сите лажат и измислуваат само за да стигнат до тоа што го сакаат, не бидете исти како нив! Вие не сте сите! Бидете добри, бидете искрени, се што сте посакувале некогаш ќе ви се исполни. Да бидете добри е доволно за да сте поинакви од другите!
5. Ставете се на местото на тој што го лажете барем на момент
Би сакале ли да бидете излажани? Сигурно не. Ставете се барем за момент на местото на оние кој ги лажете, тие искрено ви веруваат а вие го злоупотребувате тоа. Бесмислено е. Обидете се да промените нешто кај себе. Исто како што не сакате да бидете излажани, не ги лажете и вие другите околу вас. Животот е бумеранг, после одредено време се ќе ви врати.
6. Не се претставувајте лажно пред луѓето
Сакате да бидете центар на внимание? Сето тоа е убаво, доколку не ги поминете границите. Лагите кои ги кажувате за вас можеби звучат убаво пред другите, но вашата душа на крајот сепак останува празна. 
7.  Соберете храброст и бидете одлучни0
Сега кога веќе сфативте дека немате никаква цел од лагите, обидете се да започнете нов живот. Без лаги без измами. Бидете искрени кон себеси а и кон другите околу вас. Особено околу оние кои најмногу ги сакате. Верувајте, ќе ви биде повеќе од возвратено.
 Сите лажат, тоа е факт. Но мислите ли дека би можеле нешто да промените околу тоа?
На пример да бидеме поискрени кон луѓето што ги сакаме и

Пронајдете не на следниве мрежи: