Како мажите бираат жена

Бракот претставува најголем животен ризик за поголемиот дел од мажите и поради тоа многу од нив одолговлекуваат околу тоа кога е потребно да се постави „најважното животно прашање“.Сепак, добар брак повеќе добро прави на мажите отколку на жените. Затоа, со текот на времето многумина застануваат на лудиот камен.

Ако сакате да знаете како ја бираат жената која ќе ја оженат, продолжете да читате:
1.Пакет
Можеби звучи чудно, но мажите ги интересира „целиот пакет“. Тие сакаат жена која е „материјал за брак“, која можат да ја однесат да ги запознае неговите родители и која ќе биде доба мајка.
2.Генералната компатибилност
Многу мажи ќе се оддалечат од жената ако има лош карактер. Тие сакаат да имаат компатибилна личност која ќе ги дели нивните вредности, но ќе биде и доволно различна за да можат како пар да се дополнуваат.
3.Вашата финансиска состојба и кариера
Мажите кои сериозно размислуваат за иднината никогаш нема да одберат која цврсто не стои со своите две нозе на земја. Секако, ако заработува повеќе од вас, тоа нема да му биде никаков проблем затоа што тој уствари сака партнер кој ќе допринесува во семејството и тоа не мора секогаш да бидат парите. Едноставно сака покрај себе да има личност која има свои планови цели, и што е уште поважно да работи на нивното остварување.
4.Вашите животни цели
Не, целта на мажите не е само да бидат во брак. Потребна им е личност која размислува за иднината на бракот и која заедно со нив ќе работи на тоа да тој од ден во ден биде се подобар и подобар.
5.Многу мажи обраќаат внимание и тоа како нивниот живот се одвива пред да се одлучат за брак
Многу мажи велат дека дека сакаат да бида финансиски стабилни пред основањето семејство, но ако суптилно им укажете дека се на правиот животен пат, ќе предизвикате до тоа да согледаат објективно и сфатат дека уствари се спремни за заеднички живот и дека нивните големи проблеми воопшто не се толку големи и нерешливи како што мислат.
6.Дали ве прифаќаат неговите родители
Ако не сте добиле наклоност од неговите родители, тоа може да биде доста голема препрека за бракот. Сепак, немојте да ја жртвувате својата личност како би сте се додвориле на сите, затоа никој не сака свекрва од пеколот и машко кое не може да донесе одлука без помош на својата мајка.
7.Колку сте грижливи
Двете најчести работи кои мажите ги бараат од жените со која сакаат брак се добрината и грижливоста. Со други збороби, потребна им е личност која ќе биде добра мајка на своите деца.
8.Колку добро се вклопувате во нивниот социјален живот
Дали некогаш сте запознале маж чија жена ја мрзат сите негови пријатели? Во прашање е вистинска реткост. Тоа е поради тоа што поголемиот дел од нив детално посматраат како неговата девојка се однесува во друштво со неговите пријатели.
Пријателите се за цел живот, баш како и жената која сака да се ожени или барам така многу од нив мислат
9.Можеби звучи чудно, но многу им е важен вашиот „број“
Да, на многу мажи им е важно да знаат со колку мажи сте имале секс пред нив. Меѓутоа, ова не е работа би требало да ви биде приоритет. Ако вас навистина ви направи проблем поради бројот на партнери кои сте ги имале, дали навистина сакате да бидете со така несигурна личност?
10.Колку самодоверба имате
Колку и да сакаат мажите покрај себе да имаат фина и нежна жена, доста им е важно да знаат дека имате свое јас. После се, самодовербата е секси и покажува дека ќе знаете да се грижите за себе, но и за него кога ќе затреба.
 
 
 
 Сепак, добар брак повеќе добро прави на мажите отколку на жените. Затоа, со текот на времето многумина застануваат на лудиот камен.

Пронајдете не на следниве мрежи: