Како мислите влијаат на нашето здравје

Се повеќе внимание добива идејата како здравиот, урамнотежен и оптимистичен дух резултира на здраво и витално тело. Не станува збор за филозофијата на новата генерација, туку за цврстите научни факти. Позитивните мисли, верувањата, животните ставови и расположението како што се оптимизмот, благодарноста, внатрешниот мир и радоста предизвикуваат позитивни физиолошки реакции. Старата поговорка: „Во здраво тело – здрав дух“ можеби ќе треба да доживее некои измени.
Зголеменото лачење на желудечната киселина при размислување за ситуациите кои не лутат, на сите ни е познато. Но малку се луѓето кои се запознаени со резултатите на големиот број истражувања кои покажуваат јасни врски меѓу негативните мисли и разните пореметувања во телото, како и позитивните мисли и уредната работа на сите телесни функции.

Како мислите делуваат на телото?
Познато е дека позитивното размислување делува на неуроните во мозокот, предизвикувајќи ги хемиските промени кои доведуваат до намалување на нивото на хормонот за стрес. Додека негативните мисли имаат спротивно дејство. Намалувањето на количината на стресните хормони во телото последователно доведува до јачење на имунолошкиот систем и зголемената способност во борбата со слободните радикали.
Овие реакции се однесуваат на мислите (и емоциите како нивни последици) кои кај испитаниците се присутни подолго време. Се смета дека негативното расположение кое трае кратко не го загрозува здравјето, односно дека телото има сопствен систем на заштита кој се активира во такви ситуации.
Чистотата на умот е половина здравје 
Некои од придобивките на позитивното размислување, покрај силниот имунитет се и смалениот ризик од срцеви заболувања, проблеми со дишните патишта, ендокрини заболувања и слично. Освен делувањето на нашата физиологија, емоциите влијаат и на нашите интелектулани способности. Така сме на пример покреативни, поинтелигентни…Позитивните мисли, верувањата, животните ставови и расположението како што се оптимизмот, благодарноста, внатрешниот мир и радоста предизвикуваат п

Пронајдете не на следниве мрежи: