Мелинда Лауден (35) од Австралија уште во првите месеци забележала дека нешто не е во ред со едното око на нејзината ќерка. Но докторите ѝ рекле дека се ќе си дојде на свое место. Сепак, ниту на 15 месечна возраст окото на Миа не се поправало, па ја одвела кај деуг доктор и открила дека има тумор.„Кога Миа се удри во елката додека се движеше во собата, си реков дека не е ништо иако ми беше чудно. Секогаш има добра ориентација. Во мене се роди сомнеж дека нешто не е во ред“, раскажува Мелинда.
Мелинда веќе неколку пати претходно била загрижена за видот на својата ќерка. Кога имала 6 месеци забележала дека окото ѝ шета додека си игра.
„Бидејќи ми е прво дете, си велев дека сум параноична. И сестра ми имаше такво око кога беше мала, па мислев дека е исто. Но кога видов дека го има истиот проблем на 15 месеци, ја одведов на доктор. Воздивнав кога ми рече дека се е во ред и дека ќе помине со текот на растењето.“, вели таа.
Во тоа време забременила по втор пат. За време на Божиќ нејзината роднина направила неколку фотографии со Миа на кои покрај елката отвара подароци.
„Тогаш двете забележавме дека окото и изгледа чудно. Сјаеше посилно од другото. Имаше чудна бела точка. Но на крај заклучивме дека е тоа поради камерата. Но одлучивме да ја однесеме на доктор за секој случај“, вели Мелинда
Неколку недели подоцна на свет дошла Никси, а родителите дефинитивно заклучиле дека нешто не е во ред со Миа.
„И купив костим на пират за да ја забавувам, но кога требаше да и го стаам превезот на окото, вресна и го тргна од лицето. Остана без зборови од болка. Ја одведовме на друг доктор и тој ни реќе дека го загрижува изгледот на нејзиното око. Мораше да оди на магнетна резонанца пред да дознаеме што се случува“.
Било откриено дека се работи за ретинобластом, тумор кој го опфатил нејзиниот оптички нерв.
„Ни рече дека е најсигурно да ѝ го извадат окото. Нејзиниот рак продрел толку длабоко што таа повеќе не гледала со левото око. Не можев да верувам. Почувствував голема вина. Требаше да го забележам тоа порано“.
Докторите ѝ објасниле дека белите точки на окото на фотографијата често се сигнал за рак.
„Миа беше премногу мала за да разбере што се случува, но ѝ го објаснивме тоа најдобро што можевме. ‘Твоето око е многу болно, па докторите ќе мораат да го извадат за да ти биде подобро. Но затоа ќе добиеш ново, специјално око кое ќе го замени болното’“.
По една недела Миа отишла на операција. Кога ѝ го извадиле окото, докторите биле сигурни дека ѝ го извадиле ракот во потполност.
По три месеци ѝ вградиле протетичко око.
„Специјалистите се потрудија окото да биде во иста боја како и десното- прекрасна сина боја. Никси за секој случај ја однесовме на контрола, бидејќи не знаевме дали состојбата на Миа е наследна. На Миа многу ѝ се допаѓа новото око – толку е горда на него и Никси сега мисли дека и таа еден ден ќе добие специјално око. Оваа приказна ја споделив за да им помогнам на сите родители да го воочат проблемот на време додека не е доцна“, вели оваа мајка.„Кога Миа се удри во елката додека се движеше во собата, си реков дека не е ништо иако ми беше чудно. Секогаш има добра ориентација. Во мене



