Како нѐ парализира опсесијата кон некој проблем

Кога  ќе ги пуштиме тешките и негативни мисли, можеме да очекуваме подобри работи во животот.Еднаш еден професор го започнал школскиот час така што зел во раката чаша полна со вода. Ја подигнал високо за сите да можат да ја видат и прашал:
– Што мислите, колку е тешка оваа чаша? Студентите почнале да погодуваат: 50 грама.. 100 грама.
Професорот одговорил:
– Всушност ни јас не знам. И додека не ја измериме, не можеме да бидеме сигурни, но јас сакав да ве прашам нешто друго. Што ќе се случи доколку ја држам вака подигната чашата, да речеме, неколку минути?
– Ништо!, одговориле студентите.
-Точно. А што ќе се случи доколку ја држам вака цел ден?
-Раката ќе почне да ве боли, а од таквиот напор ќе ви се вкочанат мускулите, а можно е дури и да ви се парализира раката. И веројатно ќе морате да посетите доктор.
-Многу добро- продолжил смирено професорот. – А додека сето тоа се случува, што мислите дали се променила тежината на чашата?
-Не!-  одговориле сите.
 -Епа тогаш  што е причината  за болката во мускулите?!
Студентите се збуниле, ситуацијата им личела на загонетка и сите почнале да бараат одговор.

 
– Што треба да сторам за да се ослободам од болката и товарот во оваа ситуација?- продолжил професорот.
-ПУШТЕТЕ ЈА ЧАШАТА! – одеднаш се слушнал глас.
– Даааа, тоа е тоа. Тоа е одговорот. Пуштете ја чашата- додал професорот.

-Истото се случува и со вашите проблеми во животот и со вашите тешки мисли. Да размислувате за нив неколку минути е нормална работа и во тоа нема ништо лошо или погрешно. Но доколку ги задржите во вашиот ум некое време, ќе почувствувате БОЛКА. А доколку го правите тоа долго- ќе бидете парализирани и нема да бидете во состојба да правите ништо друго. Многу е важно да размислувате за одредени случувања или доживувања во животот  и да изведувате заклучоци од нив, но уште поважно  е да знаете како да го ослободите умот од таквите проблеми на крајот на секој ден. Без оглед на тоа во каква ситуација  сте се нашле, пушете ја чашата на крајот на секој ден.Еднаш еден професор го започнал школскиот час така што зел во раката чаша полна со вода. Ја подигнал високо за сите да можат да ја видат и прашал:

Пронајдете не на следниве мрежи: